Вовед во Рекламирање

ДЕФИНИЦИЈА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ

Маркетингот не е само дистрибуција на стока од произведувачот до крајниот корисник. Тој ги опфака сите фази, од стварање на производот до постпродажните активности. Една од тие карики е рекламирање(огласување, advertising).
По дефиниција организацијата на рекламните агенции (The Institute of Practitioners in Advertising) „рекламирањето е најубедливата порака упатена кон правите потенцијални купувачи на производи или услуги по најниска можна цена“. submit backlinks

ИСТОРИЈАТ НА РЕКЛАМИРАЊЕТО

Раните облици на рекламирање, кога беше доволно продавачот да ја изложи стоката и да ја фали на минувачите, беа знаци како оние на крчмите, аптекарските садови исполнети со некоја обоена течност или велосипед пред велосипеднската работилница..
Потребата за рекламирање настанала поради зголемување на популацијата и развојот на градовите. Со рекламирање непознатите купувачи, оддалечени од местото на производство, се известувани за големи количини на произведена стока.
Рекламирањето се развило со развојот на медиумите, на пр. печатот во кафеаните-ресторантите од седумнаесеттиот век и огласните агенции како што се White’s од 1800 година(Англија) се задолжени за огласување на кралската лотарија.

РАЗВОЈ НА СОВРЕМЕНАТА РЕКЛАМА

Во почетокот на седумнаесеттиот век успешни рекламни агенции биле Charles Barker и John Street (Лондон). И двете агенции од продавачи на огласен простор во весниците се развиле во агенции со широк асортиман на услуги. Агенцијата Barker работи и денес, со други сопственици.
Првите рекламни агенции биле закупувачи на огласниот простор и нивната правна положба како агент на медиумот чиј простор го продаваат што и ден денес претставува своеврстен преседан, бидејки рекламните агенции го плаќаат просторот на медиумите без оглед дали рекламата е успешна или не. Со време покрај огласниот простор рекламните агенции почнале да нудат и услуги на креирање и дизајнирање на огласи.

УЛОГАТА НА РЕКЛАМНАТА АГЕНЦИЈА

Рекламната агенција планира, креира и спроведува рекламни кампањи за клиентите. Постојат агенции кои ги нудат сите врсти на услуги, оние кои само купуваат огласен простор/време и го нудат на огласувачите, рекламни куќи кои се занимаваат само со креативен труд во врска со огласниот текст и агенции за посебни услуги.
Рекламните агенции се посредници помегу огласувачите и сопствениците на медиуми и обратно.на клиентот/огласувачот агенцијата му нуди закупен огласен простор/време во медиумите и тим на високо обучени стручни лица кои тој ги дели со другите клиенти на агенцијата. Агенцијата дава (сама или преку подизведувачот) помошни услуги, како што се филмска и видео продукција, ликовни решенија, фотографија, печатење, графичка подготовка и она што е најважно маркетинсшко истражување кое е предуслов на добра реклама и нејзина евалуација.
На медиумите агенциите им нудат поекономичен начин на работење со огласувачите, бидејки им е полесно да продадат големи количини на огласен простор на агенциите, отколку да работат поединечно со секој огласувач. Ова е од изворедна важност за почитување на стандардите на рекламирање за кои постојат и законски обврски во медиумската регулатива во повекето земји.

РЕКЛАМИРАЊЕ КАКО ДЕЛ ОД МАРКЕТИНГШКИ МИКС I

Маркетингшки микс опфака

  • концепт, пронаогање, модернизирање или промена на производ или услуга, истражувања и развој
  • стандардниот животен циклус на производот и неговите варијации
  • истражување на пазарот
  • одредување на имиња и брендирање
  • стварање и промовирање на имиџот на производот
  • сегментирање на пазарот
  • одредување на цена
  • рационализација и стандардизација
  • пакување
  • дистрибуција
  • активности на персоналот за продажба
  • едуцирање и информирање на пазарот за производот
  • индустриски контакти
  • пробни пласмани
  • рекламирање (огласување)
  • истражување
  • унапредување на продажбата
  • постпродажни активности
  • одржување на контакт со купувачите

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »