Западот го изгуби чувството за реалност во Украина

Изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров
Сегеј Лавров изјави дека западните земји го изгубиле чувството за реалност кога станува збор за протестите во Украина, а дел од земјите ги нарече провокатори.
Sergej LavrovТој истакна дека е непримерна реакцијата на одлуката на Украина да не го потпише договорот за асоцијација со Европскатра унија, која е „совршено нормална“ одлука. Што Владата на Виктор Јанукович направи. Дали се откажа од Договорот за неширење на оружјето. Дали тој најави производство на нуклеарна бомба или можеби некого застрела, прашува Лавров, додавајќи оти уличните протести се на такво ниво и со сурови пароли, како земјата да прогласила војна на една мирољубива држава, спротивно на волјата на Украинците.

Рускиот министер за надворешни работи посочи дека тоа не се вклопува во рамките на нормалното човечко размислување.

Тој оцени дека ЕУ се обидува да ја придобие Украина и другите источноевропски држави поради нивните доходовни пазари, кои би биле преплавени од конкурентните производи од ЕУ, што би ја згаснало домашната индустрија.

– Сега нашите партнери вo ЕУ старвуваат дека би можеле да го изгубат евтиниот, речиси бесплатен профит, наведе Лавров, истакнувајќи дека причината за реакцијата на Западот е идеолошка.

Online Вести

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »