Заработка преку Интернет

Заработка преку Интернет со помош на Блог или Вебсајт

Постојат повеќе начини како да заработите на Интернет со користење на својот вебсајт или блог. Листата подолу е направена на основа на одличната статија на сајтот DailyBlogTips.com. Ако знаете уште некој начин како да заработите преку својот блог или вебсајт оставете коментар или испратете до нас а ние ќе го објавиме.
Листата е поделена на два дела заработка преку директен и индиректен метод, а и за двата случаи се дадени примери. ДИРЕКТНИ МЕТОДИ
PPC Огласување
Google AdSense e најпопуларната опција во оваа категорија, но постојат и други начини. Во суштина, се што ви треба е да се пријавите и да додадете неколку линии код на страниците на својот сајт-блог. По извесно време на вашиот сајт ќе се појават огласи, или текстуални или како графика. Огласите воглавно се ускладени со темата на сајтот, а и ќе заработите одредена сума (износ) за секое кликнување…
Листа на популарни CPC мрежи:
* Google Adsense
* Yahoo! Publisher Network (YPN)
* BidVertiser
* Chitika
* Clicksor

CPM Огласување
Мрежи за CPM огласување се слични како PPC мрежите, освен што заработката доаѓа од бројот на импресии (во превод, бројот на посети-прегледувања на страницата со огласот). CPM означува Cost per Mille, те. заработка на 1,000 импресии…
Листа на популарни CPM мрежи:
* Casale Media
* Burst Media
* Value Click
* Advertising.com
* Tribal Fusion
* Right Media

Директно Огласување преку Банери Продажба на сопствен огласен простор е еден од највносните методи на заработка. Тоа е затоа што сте во ситуација да се откажете од посредниците и сами да ја одредите сопствената тарифа. Најпопуларни формати на банери се 728×90, 120×600, 300×250 i 125×125 пиксели…

Текстуални огласи
После објавувањето на Google дека ќе казнува продажба на текстуални линкови без nofollow атрибути, овој метод на заработка стана помалку популарен. Предноста на овој метод е во неговата ненаметливост.

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »