Сите европратеници позитивни на глифосат Монсанто


превземено од: SOTT.NET

Практично сите во Европа се контаминирани
со корпорациски ГМО хербициди/пестициди:

Сите тестирани европратеници имаа позитивни наоди на глифосат Монсанто

ИНФО
Ви пренесуваме ексклузивна статијата од SOTT, а се однесува на неодамна објавените резултати од тестирањето на европски парламентарци на присуството на канцерогениот убиец на плевел во нивните тела. Резултатите се поразувачки …

DLM

ГМО Европа - земји во кои е присутен убиецот на плевел и луѓе на МОНСАНТО

ГМО Европа – земји во кои е присутен убиецот
на плевел и луѓе на МОНСАНТО

Минатиот месец членови на Европскиот парламент доброволно се согласија да направат тест на урина за да видат дали глифосат-от – убиец на плевел кој се поврзува со ракот – е присутен во нивното тело. Четириесет и осум евро-пратениците учествуваа на тестирањето, а резултатите сега се познати.

Според ЕЛИСА(ELISA) наодите од тестот од акредитирани лаборатории за био-анализа во Германија: “Сите учесници имаа добиено позитивни наоди на глифосат со урина.”

Експериментот го предводеше Партијата на зелените во Европскиот парламент, која сака да се забрани контроверзниот хербицид во Европската унија.

Групата за својот т.н. “#MEPee” Тест во соопштението издадено за јавноста забележаа:

Во просек, европратениците имаа 1,7 микрограми на литар глифосат во својата урината, или 17 пати над дозволените европски стандарди за вода пијалоци (0,1 mg / l). Ова значи дека секој кој е тестиран е значително над границата за честички на пестициди во водата за пиење.

Покрај канцорогеноста за која се говори во овој текст, пред повеќе од 3 години излезе во јавноста и сомнежот дека еден од можните главни предизвикувачи на аутизмот се токму хербицидите и пестицидите!

DLM

Од 48 учесници, европратениците од Белгија, Франција и Германија изнесуваа повеќе од 80% од вкупно тестираните. Тестот покажа дека членовите на ЕУ Парламентот од Литванија, Шпанија и Хрватска има најголема концентрација на глифосат. Најниски концентрации на глифосат во урината имаа учесниците од Италија, Финска и Ирска.

“Сепак, сите тестирани европарламентарци беа контаминирани со глифосат. Ова ќе покаже дека глифосат исто така е присутен и во синџирот на исхрана кај членовите на ЕУ Парламентот“, се вели во извештајот.

Greens take the #MEPee to highlight ‘probably carcinogenic’
effects of #glyphosate https://t.co/3GW9jZchk1
pic.twitter.com/RWpBUkrP2x

— Andrew Bell (@aw_bell) April 22, 2016

Глифосат-от, кој Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) на Светската здравствена организација во март минатата година го прогласи за можно канцероген, главна состојка на многу распространетиот во употреба хербицид на Монсанто, Рандап (Roundup). Исто така е пронајден и во хербициди произведени од страна на Syngenta и Dow.

Зелените спроведоа тест во пресрет на резолуцијата на Европскиот парламент од 13 април која се противеше на продолжувањето на дозволата за глифосат во ЕУ.

И покрај жестокото противење од страна на Европскиот парламент, земји како што се Франција, Шведска, Италија и Холандија, а и 1,4 милиони потписници на петиција која повикува на забрана во ЕУ, Европската комисија – извршното тело на Европската унија – наводно, планира да се продолжи дозволата за користење на глифосат за уште девет години.

Според Европската партија на зелените, најновиот предлогот на Европската Комисија за кој ќе се гласа на 19 мај “ќе го протурка продолжувањето со апсолутно одобрување на дозволи за глифосат на девет години.”

Коментар: Гласањето во ЕУ на 19-ти мај, за продолжување на дозволата за девет години е одложено поради противењето на Франција и Германија, земји-членки, без кои Европската комисија не може да постигне потребно мнозинство на поддршка за успешно усвојување на предлогот.

Монсанто “Предлогот на Европската Комисијата само симболично ја зема во предвид, ако воопшто ја зема, резолуцијата на Европскиот парламент, кој повикува на многу ограничен опсег на одобрување(примена). Одговорноста за заштита на операторот и за бројните ризици е префрлена на одделни земји-членки на правно не обврзувачки начин”, изјавија од Зелените . “Ние сме бесни што нашите влади сакат да го одобрат овој отров на уште дополнителни девет години! Ниту еден политичар не треба да го има ова во своето тело, но исто така не секој граѓанин!”

Одобрението за глифосат во ЕУ истекува на крајот од јуни. Хемикалијата беше предмет на неверојатни контроверзии во Европа, особено откако во ноември Европската управа за безбедност на храната ја отфрли класификацијата на познатата IARC за глифосат-от како потенцијално карциноген.

Гигантот за агробизнисот Монсанто жестоко негираше дека глифосат носи ризици за здравјето и појавата на рак и побараа повлекување на извештајот на IARC.

MEPee тестот на Зелената партија беше инспириран од германската студија “Urinale 2015” каде што се земаат мостри на концентрација на глифосат во урината на повеќе од 2000 учесници.

Студијата покажа дека степенот на проблемите со глифосат се огромни, со детектираните концентрации во урината кои се помеѓу 5 и 42 пати над максималната вредност на честички во водата за пиење во Европа“, се истакнува од страна на Зелената партија. “Не помалку од 99,6% на сите граѓани кои учествуваа во ова истражување имаа повисоки нивоа на честички. Ова практично значи дека сите граѓани се контаминирани со глифосат“.

Бројни други студии открија глифосат – според примената еден од најраспространетите пестициди во светот – во производи за женска хигиена, храна за секојдневна употреба, како и, во човечките тела. Студијата, “Пријатели на Земјата Европа” (Friends of the Earth Europe“) од 2013 година, објави дека луѓе од 18 европски земји имаат траги од глифосат во нивната урина.

7 причини против глифосан

Коментар: Дали можеме да согледаме колку е тоа штетно за луѓето? Монсанто-виот хербицид/пестицид во ВАШЕТО ТЕЛО.
Како го добивме? Од Монсанто-вата ГМО храната која ја јадете. Зошто? За да бидат житните култури преполни со овој хербицид/пестицид, тие мора да се испрскаат со овој пестицид/хербицид. А за да бидат способни да преживеат прскање со овие хербициди житариците треба да бидат генетски модифицирани.
Замислете што оваа генетски модифицирана храна му прави на вашето тело, на вашите гени. Хронични заболувања и “модерни болести”, ги има некој? Овие луѓе се пореметени криминалци. Тие немаат никаква грижа на совеста додека ги убедуваат дека тоа е добро за нив.

врска sott.net

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »