Сочи 2014

Зимски Олиписки Игри Сочи 2014

Кога ќе започнат Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, ќе се изненадите од: футуристички стадиони ремек-дело на уметноста, сместени покрај морето, восхитувачки поглед на Кавкаските планини кој го имат само светски познатите скијачки центри, како и од величествениот Олимписки парк кој е опкружен со палми.

Сочи 2014

Снежниот Леопард, Белото Мече и Зајакот
Маскоти на првата руска Зимска олимпијада
Извор: Alamy / Legion Media

Сочи домаќин на Зимските олимписки е голем зафат и, на светот ќе му се прикаже „нова Русија“ како модерна економија. Она што ја први Сочи поамбициозна е фактот дека ништо од сето ова всушност и не постоеше пред неколку години. Сочи го доби правото да биде домаќин на Олимпијадата во 2007 година, покрај Пјонгјанг (кој беше втор) и Салцбург (кој заврши на третото место) како подобар избор. И навистина, олимписките објекти во Сочи, вклучувајќи го и олимпискиот стадион „Фишт“
Извор: Reuters / Vostock Photo

Извор: Reuters / Vostock Photo

каде ќе се одржи церемонијата на отворање и на затворање, се направени пред Нова година. Церемонијата на отворањето ќе претставува возбудлив настан не само за светот, туку и за организаторите на Олимпијадата како и цела Русија.

ЗОИ 2014 Сочи маскота

На Зимските олимписки игри во Сочи, во февруари оваа година, публиката ќе ја развеселуваaт три маскоти: снежниот леопард, белото мече и зајакот.

Сочи 2014

Извор: PhotoXPress

Во историјата на зимските Олимписки игри има многу популарни и впечатливи маскоти. Останаа запаметени австрискиот снешко Олимпијамандл, канадските поларни мечиња Хајди и Хоуди, сараевскиот Волчко, јапонските утки Сноулет. Трите маскоти на Зимските олимписки игри во Сочи, снежниот леопард, белото мече и зајакот, се на пат да го заземат заслуженото место на најомилени маскоти на зимските олимписки игри.
За претседателските избори во 2008 година на изборните места во Сочи избирачите не гласаа само за претседател на РФ, туку и симболи на Олимписките игри. Граѓаните на Сочи избраа делфин на скии. Но, предлогот на градот-домаќин не беше прифатен и организаторите решија за маскота на Зимските олимписки игри да гласаат сите граѓани. Да се спомене и дека неколку дена пред финалното гласање од списокот на можни маскоти беше исклучен Дедо Мраз, во случај на победа, овој национален симбол на Русија на подолг период воедно ќе станеше и симбол на Меѓународниот олимписки комитет.
Сочи2014

ЗОИ Сочи 2014

Една маскота не е доволна

На југословенската олимпијада во Сараево 1984 година првпат е распишан конкурс на кој дизајнерите предложија идејни решенија за маскота. Од 30 илјади пристигнати дела е избран волкот Волчко кој до денес е еден од најсимпатичните олимписки маскоти. Волчко остана запаметен не само по својата „широка насмевка“, туку и по дречливо портокаловиот шал со снегулки. На зимската олимпијада во Сараево 1984 е забележана рекордна продажба на вакви шалови и играчки со олимписка симболика. Сараевскиот рекорд во продажба на олимписки сувенири сè уште не е урнат.
До 1992 година зимските и летните олимписки игри се одржуваа во иста година, а потоа МОК ги измени правилата, па така следната Зимска олимпијада беше одржана по две години. Интересно е што тогаш за првпат маскотите не беа суштества од приказните, ниту животни, туку луѓе. За маскоти беа избрани јунаци од приказна, русокосите брат и сестра Хокон и Кристи. Играчките со нивните ликови беа продадени во милионски тираж, но на сите официјални церемонии за време на Олимпијадата улога на маскота имаа деца облечени во народни носии.
Според бројот на маскоти на зимските олимписки игри предничат Јапонците. Игрите во Нагано во 1998 година имаа четири маскоти. Најпрво беше планирано маскота да биде хермелинот Окој, но подоцна тој беше заменет со четири утки со јарки бои, кои подоцна беа наречени Сноулетс. Утката е симбол на мудроста. Значи, организаторите сакаа да укажат на духовната страна на спортот и на олимписките игри. Бројот четири ги симболизира четирите годишни времиња и четирите природни стихии: ветрот, водата, огнот и земјата.

ЗОИ 2014 Сочи

Објектите се нови за рускиот олимписки тим, како и за странските олимпијци. Неодамна, беше пуштена во употреба скокалницата. Ова е и првата скијачка сезона кога започна да функционира планинскиот воз, кој развезува посетители на Олимписките игри од крајбрежниот до планинскиот дел. Она што Русија го направи со избирањето на Сочи за домаќин на Зимските олимписки игри 2014 го преврти традиционалниот модел наопаку. Овој модел, според кој се одржуваа Олимпијадите и во САД, и во Канада и во Европа, за основа имаше веќе докажан зимски центар, на кој му се додаваа неколку модерни изведби, по што немаше никакви понатамошни грижи, како на пример дали ќе има природен или вештачки снег. Но Русија, започна со изградба на зимски олимписки град на место каде воопшто не постојат терени за зимски спортови, место кое е познато како летувалиште, место кое се нарекува „руска ривиера“. Суптропската клима во Сочи, беше основа за шпекулации дали ќе падне снег или не. Пред само десет години во Сочи не постоеше ниту еден скијачки центар од светска класа, а исто така никој не ќе претпоставеше дека ова место би можело да стане иден домаќин на Зимски олимписки игри.
Сочи 2014

Сочи Ски 2014

Нема сомнеж дека во Сочи ќе се одржи една од најголемите, најекстравагантните Олимпијади во поновата историја, а можеби и воопшто. 123-дневното патување на олимпискиот оган вклучуваше вселенско патување до Меѓународната вселенска станица, посета на активен вулкан и подводно патување во Бајкалското езеро. На самата Олимпијада, ќе има најмногу медали во историјата на Зимските олимписки игри, како и најголем број настани.

слободен интернет користени материјали Руска Реч

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »