Украина на крстопат!

Бизарна е случајноста во пресрет на зимските олимписки игри во Сочи во Украина да се случува драматична криза идентична како она што се случуваше при отварањето на летните олимписки игри во Пекинг. Мало потсетување, во Грузија на 08. август 2008 год изби „петдневна војна“ која како последица имаше таа поранешна Советска република територијално да биде поделена и осакатена преку прогласување на независност од страна на Абхазија и Јужна Осетија. Во тој момент САД и западот се обидуваше да дојде до вратите на Русија а за успехот на овој обид во друга прилика, ова го навестува одговорот на наметнатото прашањето дали и колку овој обид во Украина е проект на големите играчи или се работи за граѓански слободи и суверени прашања!?
Украина

Украина

Територијална поделба или подобро речено повеќе Украини е за сега најмалку веројатен сценски исход од постојната криза и протести во таа држава, НО никако не може да се исклучи како можен исход, и сепак коинцидира со Проектот Европа 2035 кој е веќе промовиран и е многу внимателно изработен. Да се вратиме на Украина, поделбите се повеќе стануваат несовладливи, мнозинството граѓани на западна Украина (инаку тие се оние со крстовите и слична симболика) се за асоцијација со ЕУ, протестираат и себеси се доживуваат како дел од тнр западна цивилизација, додека пак југоисточниот дел од Украина себеси се гледа вон таков брак или поточно е благонаклонет кон Русија, па од тука некои влечат заклучоци дека се работи за судир на цивилизации што и не е баш така. Од ваквото сценарио намерно ги исклучуваме надворешните соседи и актери во територијалните претензии. Поделбата на Украина би можела да се случу прилично брзо да речеме до есен за кога е предвиден референдум во Шкотска, а под услов да дојде до ескалација на насилствата или вооружени судирии. Втората сулуција е бавна и со договор поделба но во случај на продлабочување на кризата во државата и појава на легален начин за иницијативи од типот поделба или федерализација.
Ако во случајов се водиме од западните интереси ќе речеме дека аналитичарите сметаат дека руските тенкови исто како и во случајот со Грузија во 2008 веќе се целосно борбено подготвени и го чекаат моментот на поделба, на источната граница со Украина, во јавните апели од Русија пак тие повикуваат на разум и уставно т.е. решение на кризата со политички средства, сепак вистината не е црно бела! Морам да речам дека помалку нервира ставот дека Русија треба да стои настрана додека САД и западот со сите средства (политички и финансиски) настојуваат да освојат пазар и ресурси за нивните мултинационални компании, а граѓаните на Украина им служат само како средство за нивните цели!!! Сценариото за поделба на Украина би можело да наликува како на оние модели од крајот на Ладната војна и подготвеноста на инволвираните за инвентивни решениа а повторно на сметка на украинските граѓани.
Оваа игра во Украина се игра во последниве 20-тина години по падот на Советскиот Сојуз и би требало да се напомене дека овде станува збор за држава на која од страна на САД и западот и беше гарантирана сувереноста и интегритетот во замена за нуклерно разоружување. Што значи дека гаранцијата за Украина како држава имала ограничен карактер односно имала важност се до моментот додека не се изменат интересите и апетитите на давателите на гаранцијата, што изгледа дека и дошло до таква состојба. Понатаму, на состојбата во Украина не може да се гледа од чисто етнички аспект па се настојува да се наметне и ставот дека се работи за две цивилизациски ориентации на граѓаните на Украина и тоа за интеграција во ЕУ или во Евроазискиот сојуз кој во последниве години се промовира како економска и политичка асоцијација и на кој главен промотор е Русија. Па се продолжува дека баш по тоа цивилизациско прашање дошло до поделбата на „за“ и „против“, што пак е само инструмент за правилото подели па владеј, се разбира дека ваквиот пристап би имал плодна почва и кај нас во регионот но и во Македонија но …
Како ефект на бумеранг, можната поделба на Украина би можела непосредно да ги погоди инволвираните актери и преку рефлексијата да заврши една етапа од Проектот Европа 2035. Проценките за ефектите врз ЕУ од поделбата на Украина лесно се предвидливи, и тие се стимул на сите движења за распаѓање на сојузи, референдуми во Обидинетото Кралство, Каталонија, Баскија, Корзика и низа други. Со ова може да се заклучи дека има спротивставени трендови, односно тренд на ситнење во ЕУ и тренд на консолидација во Евроазискиот сојуз кој по потпишувањето на Царинскиот сојуз во 2011. најавувија свое пристапување и Ерменија и Киргистан. Во состојба на економска и политичка криза во ЕУ и каде кризата на заедничкиот идентитет заедно со уставната криза може да се смета дека сецисионистичкиот тренд е сериозен безбедносен предизвик.
 

Нова Украина

Претпоставена федерализација на Украина со меѓународно посредство од страна на инволвираните, за жал не и носат трајна политичка и територијална стабилност на ова држава, таква творба најлесно би можела да се претстави со дејтонска Босна каде што имаме системска нефункционалност и каде што едниот дел тежи кон ЕУ а другиот кон соединување со источната матица. Што значи и целовита федерализирана Украина би била најверојатно нефункционална!
Сепак рационалниот приод наметнува дека насилна поделба е помаку веројатна можност за разрешување на Украинската криза, меѓу другото и поради големиот транспорт(преку 80%) на рускиот гас во Европа, а тука е и изградбата на гасоводот „Јужен поток“ укажува дека тие држави сепак добро тргуваат меѓусебно. Доказ за оваа е и тактичниот циничен молк на Германија која од една страна скриено ги помага ваквите процеси во Украина а од друга страна глуми неутралност. САД пак си има сопствена криза на лидерството и прифаќање на намалувањето на геоплотичкото хегемоно влијание како и редефинирање-барање на нови игри.
Суровоста на пресметката околу Украина и обидот за ширење на ЕУ и САД кон поранешните советски републики најмногу би можеле да ја почуствуваат државите во транзиција кои имат проблеми со етничките и територијалните претензии на соседите што пак би бил вовед во втората фаза од Проектот Европа 2035.
 

Нов Светски Поредок – II Дел

Можната поделба на Украина би имала поинаква рефлексија на ЕУ или пак во случајот со поранешните советски републики би го промовирал ставот на Москва дека е против манипулативниот приод за освојување на нови пазари од страна на ЕУ и показател на играчите ако воопшто играат по стратешки што може да очекуваат, а тоа повторно се сведува на посочениот проект кој сакале или не станува се поверојатен. Можеби тоа е и причината што Ерменија во септември минатата година ја отфрли спогодбата со ЕУ и најави интеграција во Евроазискиот сојуз. Без оглед на можното решение на кризата во Украина односно нејзина територијална поделба или некакво преодно решение, факт е дека евроазискиот континент во последниве 20-тина години има тренд на територијално цепкање на една страна и укрупнување на разноразните сојузи (асоцијации) од другата страна воедно укажува и на сериозни безбедносни и политички предизвици и проблеми. Ова е истовремено и показател за одмерувањето на снагата на Брисел и Москва и веројатното трајно поместување на конфликтната линија на европска почва. Показатели за ова беа приметливи на Минхенската конференција за безбедност во февруари. Западната „либералан демократија“ која после Ладната војна е во криза настојува сето ова да го наметне и како видување од идеолошка природа т.е. дека Русија го изгубила демократскиот потенцијал и се повеќе наликува на авторитарна држава која по секоја цена го штити „својот“ пазар. И затоа овие конфликти во Украина треба да се анализираат и од аспект дека е оваа прв сериозен судир по падод на Советскиот Сојуз, регионален снажен судир во кој се судираат прокламираните политички ориентации и економски принципи.

слободен интернет

П.С.
Дали ваквите регионални игри и поместувања ќе имаат рефлексија и колку, врз Македонија можеби во некоја подлабока анализа на Институтот за политички и стратегиски истражувања на МАНУ

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »