Почитувани!

Dobarglas novo-logo
Има ли денес место за добрите вести,за добрите луѓе, за добрите настани. Велат, добрите луѓе полека ги снемува а на нивно место се множат итроманите, лажоманите, пакосните, безобразните, расипаните и парољубците. Но, дали е навистина така. Ние, екипата на магазинот Добар глас, сепак веруваме дека останало барем трошка човечност во секој од нас, а дека добриот глас е оној кој најдалеку се слуша.Се појави Добар глас пред пет години. Печатено издание. Истите луѓе, со мали исклучоци денес тргнуваат во авантурата викана он лајн издание. Планираме наскоро повторно и печатено издание на Добар глас. Ваков или онаков, идејата е иста. Сакаме да бидеме огледало на севкупното живеење во овој дел на Македонија, некогаш наречен Амфакситида. Да го градиме имиџот на овој крај кој е вистинската порта на Европа. Да го претставиме регионот како место на археолошки убавини. Да го промовираме туризмот, почнувајќи од селскиот па се до зимскиот. Да го истакнеме производството на здрава храна и современото земјоделие. Нека се инвестира во отворање нови работни места. Да им го доближиме на светот културното и уметничко богатство на Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци, Миравци. Сакаме да шириме оптимизам и верба во нашата памет и нашата работливост. Заедно да го вратиме некогашниот богат начин на живеење на овие простори, да ги промовираме културните вредности, да го вратиме сјајот на Дојранското езеро и убавините на Кожуф планина.
На Богојавление ви се открива електронското издание на Добар глас. Прикопчајте се.

You may also like...

1 Response

  1. Mr Dobarglas says:

    Здраво, ова е коментар.
    Hi, this is a comment.
    Благодариме за вашиот коментар и посета.

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »