Евросонг, политика или…

Kaliopi-Evrosong-2016

Калиопи – Евросонг – 2016

Победа на Евросонг

Утешна награда за Украина

Околу самата песна и настапот на Украина на Евросонг, недвојбено е дека песната е повеќеслојна политичка провокација па затоа и „победи“, не се можеше да се врши притисок на сите жири-комисии ама сепак успешно можеа да додадат онолку гласови колку што имаше потреба со една мала благодарност и до новокомпонираниот метод на гласање!!
По силните ветувања на силни милијарди и вечера на европската трпеза Украина за сега доби само утешна награда.
За што точно се работи уметност или политика? Сите кои ги следат случувањата знаат дека Украина остана само средство за вршење притисок кон Русија а од силните ветувања доби само …. Се разбира мајсториве очекуваа дека ќе успеат од Украина да створат ударна тупаница за нивните игри, но се направи превид, дали ова имплицира дека сепак не се откажуваат од своите замисли? Тие не можеа да сфатат дека се работи за еден свет, словенски свет за една иста култура и цивилизација и дека, колку и да се меѓусебно спротивставени никогаш нема да се стават во улога и на услуга на големите господари.
Самото учество на Австралија на натпревар кој се нарекува Евросонг зборува повеќе од било какви дополнителни тиради. Некој би рекол па што, во Австралија повеќето се иселеници од Европа, точно но и понатаму е Австралија, или можеби Британија се обидува своите колонии да ги вклучи во игрите!?
Сепак сето горе не може да биде и не е причина Вие да го погледнете одличниот настап на Калиопи

https://www.youtube.com/watch?v=uIIzwFoE6ME

или овде промотивното официелно видео

Околу па на….
Интересен детал кој се појавува во наслов кај http://eurovisionworld.com, а тоа е дека Русија ги доби гласовите на гледачите, Австралија на жирито ама победи Украина. Не трудете се да разберете тоа е тнр. висока ментална математика!

гласај… не гласај…. гласај…. не гласај…!

уште малку од околу!
Овде можете да видите на пример како изгледа бројот на гласови за финалната вечер но ќе забележите дека од Македонија нема резултати, објаснувањето е дека е поради големите снежни наноси па нашиве не можеле да ги објават јавно резултатите. Така било така и ќе биде!
Она што пак мене ми се допадна е што овој портал The Telegraph а верувам и печатениот најпосле се одлучија да ја почитуваат реалноста и за името на нашата земја да го користат Македонија без додавки од напред и од позади!!
How the countries voted in Saturday’s grand final:

оработка DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »