My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

АМФАКСИТИДА

АМФАКСИТИДА


МАЛ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ


Секој што барем еднаш случајно навратил во Гевгелија, со намера доаѓа повторно. Сите пријатели на Гевгелија велат дека една од главните карактеристики на гевгеличани е да бидат срдечни и добри домаќини. Духот на нашата историја и почитта кон традицијата и обичаите, кои се вткаени во секој гевгеличанец,претставуваат основа за постојната отвореност кон секој намерник и подготвеноста сите убавини, сите добрини и вредности на овој крај да ги покажуваме на странците. Од овој крај ретко кој заминал без да понесе со себе грст убави доживувања и прекрасни спомени. Ако, драги пријателе, првпат наминуваш низ ова место прочитај ги овие редови и тие нека претставуваат мал вовед кога влегуваш во овој град во прекрасната сончева Јужна долина.


Gevgelija vo zima
Гевгелија во зима


Гевгелија се наоѓа на надморска височина од 64 метри и зафаќа површина од 317 квадратни километри. Во нејзините граници има 12 населби. Именувана како рамна ко тепсија, Гевгелија е горда на својата местоположба, на десното крајбрежје на реката Вардар, во предворјето на Кожуф и Пајак планина. Најблиските аеродроми се оној во Скоје кој е оддалечен 163 километри и оној во Солун,Република Грција кој е на оддалеченост од само 70 километри.

Како град Гевгелија почнала да се развива од средината на 19 век,за да го добие вистинскиот лик во 1886 година, кога станува седиште на посебната Гевгелиска каза. Стопанскиот развој започнува во годините помеѓу 1860 и 1912 година кога започнува развојот на мануфактурното и индустриско производство, а самиот град,познат како град од станица до граница,ќе биде познат по многубројните занаетчиски дуќани.

Гевгелија со право ја нарекуваат и европска порта за сите кои тргнале кон север, со дух кој се напојува од извориштето на православната вера. Јазикот на кој зборуваат гевгеличани е македонски со долновардарски дијалект. Затоа немојте да се изненадите кога ќе чуете како гевгеличани зборуваат брзо и течно без да внимаваат на стандардот и на акцентот на јазикот.

Доколку сакате да поминете еден ден во Гевгелија, вистински предизвик за сите вас ќе биде некои места во центарот на градот како и во неговата околина, кои ви нудат бескрајни можности да ја задоволите вашата љубопитност. Градската архитектура во Гевгелија е со препознатлив стил кој во поново време се обидуваат да го зачуваат локалните институции кои се грижат за зачувување на автентичните вредности на Гевгелија.

Библиотеката во Гевгелија е формирана во далечната 1945 година со почетен фонд од само 500 книги. Денеска таа располага со над 70.000 книги,1000 томови весници и списанија, околу 400 ретки книги и 200 наслови од роднокрајни автори. Во неа се наоѓа и еден о оригиналите на книгата Огледало на Кирил Пејчиновиќ, отпечатена во 1816 година во Будим. Најстарата црква во градот е Свети Спас, изградена во почетокот на 19 век. Во чест на Спасовден, во Гевгелија се организира дводневен панаѓур. Црквата Свети Кирил и Методиј се наоѓа во близина на градското шеталиште и е изградена во 1895 година. Најмасовно е посетена за време на Велигденските празници, кога секој доаѓа да го одбележи Христовото воскресение.


Gevgelija vo zima
СКИ Центар "КОЖУФ"


На самиот влез на Гевгелија се простира археолошкото наоѓалиште Вардарски рид. Предметите што се пронајдени на ова место а кои потекнуваат од 5 век пред нашата ера, зборуваат за цивилизацијата што живеела на овие простори. Уште се утврдува дали се работи за населбата Аталанта или пак за населбата Гортинија, градови чии остатоци се наоѓаат во Македонија. Одмаралиштето Смрдлива вода на Кожуф пламина се наоѓа на височина од 850 метри и на оддалеченост од 24 километри од градот. Позната е по минералната вода и нејзината лековитост особено за стомачните и бубрежни заболувања. Покрај самиот пат за Смрдлива вода се наоѓа Конска река која предизвикува со своите диви предели но и со ендемичните видови растенија како што е дрвото ГОЛ ЧОВЕК.Листата му се јајцевидни а цветовите распоредени како гроздови. Ако сте ловџија, Гевгелија ви го нуди ловиштето Милисин со 300 хектари букова и дабова шума, а кое се наоѓа на 19 километри далеку од градот.

Ловиштето располага со ловечка куќа за одмор,а ловџиите може да уживаат во ловот на диви свињи,срни и елени.
Негорските бањи се на само 4 километри од Гевгелија и претставуваат еден од најважните туристичко рекреативни центри во земјата не само поради лековитоста на водата туку и поради шумата која ја опкружува бањата. Водата лекува ревматични заболувања, стерилитет, гастроинтестинални и заболувања на кардиоваскуларниот систем. Гевгелија благодарејќи на малубројните ентузијасти кои имаа визија својот сон да го претворат во јаве од неодамна го доби Ски центарот Кожуф кој претендира, со право, да биде најпосетениот и најубав ски центар на Балканот. Најрепрезентативен туристичко угостителски објект во градот е хотелот Аполонија со сопствено казино. Раполага со 100 легла, модерни кафе барови, ресторани но и со сала за состаноци и голема тераса. Веднаш до овој хотел е хотелот Ашикот со 19 легла а во градот може да преноќите и во хотелот Пелагонија кој располага со 204 легла. Доколку претпочитате да спиете надвор од градот, наш предлог е мотелот Вардар со 96 легла или пак Негорските бањи со респектабилни 330 легла. Во последно време Гевгелија како полека да се претвара во македонски Лас Вегас. Веднаш до граничниот премин никна волшебниот хотел Фламинго а спроти него во фаза на изградба е комплексот Принцес.

Мал број, за жал, од занаетите стари се зачувани. Оние кои ја продолжиле традицијата на старите гевгелиски мајстори работат во дуќани не на своите прадедовци, туку во современи дуќани, со што старата чаршија, за жал го изгуби својот автентичен изглед. Топлиот дух на гевгеличани е преточен во срдечниот прием во некои од многуте угостителски дуќани, ресторани, пицерии и кафеани што нудат домашни специјалитети зачинети со вкусот на медитеранската клима. Во сите нив на крајот од оброкот може да се напиете од убавото Паскалин кафе кое се произведува во Гевгелија.


Gevgelija vo zima
ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ


Ако обележје на секој град е културата и традицијата, гевгеличани може да се пофалат со повеќе манифестации, почнувајќи од Априлијадата, Смоквијадата, Гитаријадата, преку детскиот фестивал Калинка па се до културното лето. Гевгеличани уште ќе ви се пофалат и со манифестациите од типот на Ликовната колонија Дојрана.

За крај, ако сакате со себе да понесете нешто од градот на јужната сончевина, покрај археолошките сувенири кои може да ги најдете во хотелот Аполонија, Туристичкото биро и Народниот музеј, не ги заборавајте производите на Зора, Випро или специјалните вина на Винарските визби Маркудов и Јосела.



Ако Ви се допадна што нудиме, ДОЈДЕТЕ НИ ПОВТОРНО!




...

Љ.А.
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ
Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ


UNI banka


Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот
Graphic Design