My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

ХРИСТИЈАНСТВО

ХРИСТИЈАНСТВО


ВОДИЦИ 2009 ГОДИНА ГОСПОДОВА


ИМА ВО МЕНЕ НЕКОЈА БОЖЈА СИЛА.

И таму се случи нешто необично бог им се јави на лугето.Затоа денешниот ден се нарекува Богојавление. Бог се јави со своите три лица. Синот се потопи во јорданските води, отецот ја посведочи својата љубов кон него и му остави во аманет послушност, него послушајте го. Светиот дух во вид на гулаб лебдеше над спасителот. Така Бог се јавил на светот.

Прекрасното време, речиси пролетно со температура од 16 степени, неработниот ден, направија двата брега на реката Вардар да бидат преполни со луѓе кои нестрпливо очекуваа кој оваа година ќе го фати крстот и кој ќе има среќа целата 2009 година.
Понеделник, 19 Јануари 2009 година, крај водите на Вардар како еден вид македонски Јордан, собрани се неколку стотини жители на Гевгелија и околината. Како и секоја година, така и оваа, дојдени се да го одбележат по христијански, еден од најголемите христијански празници, богојавление.Ниту студеното време, ниту пак секојдневните работи, не може да ги спречат сите верници да се наредат крај Вардар и да очекуваат кој оваа година ке го фати крстот и кој ке има срека цела 2009 година.Веке од 10 часот многумина пеш или со автомобили се упатуваат на мостот на Вардар, каде традиционално, секоја година, свештениците од Гевгелиската Епархија, ги осветуваат водите на Вардар, а потоа го фрлаат осветениот крст по кој храбрите момчиња скокаат во студените води на Вардар во обид да го фатат крстот.Се вели, а нема причина да не се верува, дека ниту студот ниту студените води не му можат ништо на оној кој се решил да скока, ако скока полн со верба и љубов кон Господ Бог.

Овој празник се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од св.Јован кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува богојавление, а множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на векот и светот, а за време на крштевањето на Исус Христос, Бог јасно и конечно се пројави како света тројца, отец,син и светиот дух. Овој празник се нарекува и Водици, заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Големиот водосвет симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Vodici 2009
Фото Добарглас

Оваа година повеке храбри момчиња ке бидат подготвени да скокнат во студените води на Вардар, некои од нив ке се решат да скокат од брегот а некои од мостот. Сите нив ќе ги води желбата да ја докажат својата љубов кон господа, а многу помалку помислата на подароците кои ке бидат подготвени за нив. Овој пат градот Гевгелија и градоначалникот сигурно ќе подготват соодветен подарок.

Откако ке бидат извршени сите црковни церемонии, крстот ќе се фрли во немирните води на Вардар, по него ќе скокнат момчињата, но среќа да го фати осветениот крст ке му припадне само на оној кој е од бога избрн, а тоа по седми пат беше Сашо Михајловски.

Кога момчето што го фати крстот ќе пристапи на мостот ќе биде пречекан од Отец Маријан кој го благослови и ке ги каже следните зборови: „ Господ нека дарува здравје, мир и спасение на сите гевгеличани, крстот што ти Сашо го извади од Вардар и што ке го носиш сега во секоја куќа каде ке влезеш нека носи здравје, мир и спасение.Да не се злоупотреби во ниеден момент бидејки крстот е најсвето нешто што постои во црквата. Те благословувам.“


Водици 2009
Фото Добарглас

По овие зборови на Отецот Маријан и градските врховници ке му се обратат на момчето што го фатило крстот со соодветни зборови и пораки.

Откако замина со своите пријатели во мотелот Вардар да се облече и малку закрепне, пред да почне да поминува покрај масите и да го покажува крстот Добар глас ги забележа овие размислувања на Сашо. "Среќен сум што по седми пат успеав да го фатам светиот крст, што за мене претставува голем чин. Се чувствувам благословено, цела ноќ пред настанот не можам да заспијам, ми доаѓаат чудни сонови како во мене да има некоја божја сила. Немам некоја претходна стратегија за тоа како да го фатам крстот освен што два дена одам на Вардар за да го разгледам местото, решавам дали да скокнам од мостот или не, бидејќи во Вардар има многу дрва и е опасно ако не го знаеш теренот. Тринаесет години учествувам на оваа манифестација и веќе повеќето луѓе ме познаваат. На крајот сакам на сите граќани на Гевгелија да им посакам многу здравје, бериќет и нека биде среќно и благословено летото господово 2009-Со господ напред".


Водици
Фото Добарглас

На вакви празници, да си поднесеме отчет на себе.
Да се просветлиме. Да се очистиме. Да се измиеме за да го видеме бога, за да го чуеме неговиот глас и да постанеме достојни наследници на вечниот живот.




по своите корени


редакција

ФОТО: редакција
[објавено: 26/01/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ
Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ


UNI banka


Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот
Graphic Design