My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

СПОРТ

СПОРТ

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ЕСПЕРО 63

ЕКИПАТА НА ЛОГИСТИК НАЈДОБРА

Во период кога спортот во Гевгелија, не да е паднат на ниски гранки, туку е такаречи под земја, вниманието на љубителите на спортот во Гевгелија го привлече предновогодишниот турнир во мал фудбал Есперо 63.


Turnir vo mal fudbal
турнир во мал фудбал ЕСПЕРО 63


Под ова име и порано се одржувале вакви турнири но по пауза од неколу години, луѓето вљубеници во фудбалот, решија повторно да го организираат. Да ги спомнеме нивните имиња. Тоа се Јанев Илија-Панта, Костовски Ѓорѓи-Мачки. Костадинов Коста, Ристов Данчо, Беќаров Димитар и Дупаров Мирко. Место на настанот, добро познатата спортска сала 26 април. Времетраење на турнирот од 13 декември до 4 јануари оваа година. На турнирот зедоа учество 28 екипи од Гевгелија, Струмица, Богданци, Нов Дојран, Миравци, Моин и Мрзенци кои беа поделени во 4 групи со по 7 екипи.


Turnir vo mal fudbal
турнир во мал фудбал ЕСПЕРО 63


По разигрувањето по групи, првите 4 екипи од секоја група се пласираа во нокаут фазата. По интересните натпревари кои ги следеа голем број гледачи, во борба за наградите останаа екипите на Шумско Кожуф од Гевгелија, хотел Истатов од Нов Дојран, Логистик од Гевгелија и екипата на Струмица од истоимениот град. Во борбата за третото место се сретнаа екипите на Струмица и хотел Истатов. Бидејќи натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено, по подобро изведување на пенали третото место го освои екипата на Струмица. Во големото финале, во еден неизвесен натпревар се сретнаа екипите на Логистик и Шумско Кожуф и двете од Гевгелија. Со резултат три спрема два победници на овогодишниот турнир Есперо 63 станаа фудбалерите на екипата на Логистик во состав-Никола Минчев, Костадин Јанев, Крсте Тодоров, Лазе Грбашлиев, Саше Ристовски, Мирче Попов, Игор Зајков и Роберт Трајков.


Turnir vo mal fudbal
турнир во мал фудбал ЕСПЕРО 63


Победниците ја освоија наградата од 100.000 денари, второпласираните доија 80.000, третиот тим подели 50.000 денари а четвртопласираните заминаа дома со 30.000 денари. За најдобар голман беше прогласен Чурлинов Пепи, додека за најдобар играч и воедно голгетер со 6 постигнати голови заслужено беше прогласен Крстев Даниел. Честитки до организаторот, со желба до година турнирот да биде збогатен со уште повеќе екипи и тоа не само од овој регион туку и пошироко. За да овој турнир остане овековечен на фотографии, се погрижи студиото Фото Спектар.



...


редакција

ФОТО: редакција
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ
Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ


UNI banka


Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот
Graphic Design