My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н

ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ

Лилјана Ристова УРЕДНИК НА КАНАДСКО МАКЕДОНСКИОТ ВЕСНИК "МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ" ВО ТОРОНТО, КАНАДА



ЛАФ МУАБЕТ

Го искористив присуството на Лилјана Ристова во својата Гевгелија, ја отргнав за миг од нејзините најблиски, роднините и пријателите и сакав да направиме еден поинаков лаф муабет. Можеби она што го забележа мојот диктафон е премногу темно, депресивно и песимистичко, но верувајте тоа беше Лилјана во тој момент, без лажни зборови и чувства, без патетика но со многу искреност во своето срце. Таа си ја сака својата Македонија, иако е далеку од неа, но преку својата благородна мисија, преку весникот Македонски вести таа можеби прави, во моментот многу повеќе за својата земја од некои македонци чија должност е тоа да го прават професионално и одговорно.

Liljana Ristova
Лилјана Ристова

ДГ. Како во моментот ти оди работата со весникот?
ЛР
. Јас единствен издавач на македонски весник на северноамериканскиот континент, продолжувам да поминувам низ нови искуства и искушенија. Состојбата со финансирање на весникот е слична како и овде а за жал дојдов до една жалосна констатација дека Македонците, каде и да се, овде или таму тие не читаат доволно. Но јас продолжувам и понатамусо својата мисија да го популаризирам пишаниот македонски збор таму во Канада. Иако сум принудена половина од текстовите да ги пишувам на англиски сепак темите се пред се национални, и се обидувам што помалку да навлегувам во политички теми. А на англиски мора да пишувам бидејќи во Торонто 75% од Македонците не го познаваат доволно македонскиот јазик. Жалосно бидејќи Торонто е најголемиот центар на Македонци надвор од Макединија. Тие говорат маједонски но не ја познават мкедонската азбука за да можат да читаат. Потоа да споменам дека втората и третата генерација македонци не знаат македонски јазик и јас со текстовите кои излегуваат паралелно на македонски и англиски, се обидувам да ги доближам македонските теми и до нив. Ако тоа не го правам на англиски нема да можам да допрам до нивните срца.


СЕГА КОГА ИМАМЕ СВОЈА ДРЖАВА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО КАНАДА ОЧЕКУВАА ВРСКИТЕ СО МАТИЦАТА МАКЕДОНИЈА ДЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ, НО ИЗГЛЕДА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МИСЛИ НА ИСЕЛЕНИШТВОТО.


ДГ. Се интерисираат ли нашинците во Канада за политичкие теми од Македонија?
ЛР
. Таму ние, Македонците следиме внимателно се што се случува овде, и за сите македонски иселеници најжално од се е што двете најголеми македонски политечки партии, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не се согласуваат и не завземат една заедничка национална платформа. Зошто, да не заборавиме ,во сите земји постои политички плурализам но националната платформа во сите земји е една единствена. А,овие наши две партии така делуваат што се стекнува впечаток дека се припадници на две различни нации, што е апсолутен апсурд. А, во меѓувреме во тој јаз што е создаден помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ слободно навлегуваат разноразни непријатели кои отворено кажуваат дека Македонија е нивна, дека не може самостојно да опстане и дека ја чека распаѓање.

ДГ. Зборуваш дека ние тука сме разединети дека немаме заедночка национална стратегија но и иселениците во светот не можат да се пофалат со некое единство, со некое заедништво.
ЛР
. Тоа е точно. Јас сум една од ретките која има стални контакти со разни групи на македонци во светот. Активна сум во нашата заедница во Канада не само како новинар, туку сум член и на Обединети Македонци и на Организацијата за човекови права. Причината за неединството на иселениците е позната, жалосниот и несрекниот факт што Македонија со векови немала своја држава и нашиот народ бил изложен на разни пропаганди и асимилации. Прекината е врската на Македонецот во странство за силна припадност во Македонија и кон нејзината историја бидејќи сме поминале низ многу ропства.


НАЈЖАЛНО Е ШТО ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ ВМРО ДПМНЕ И СДСМ НЕМААТ ЗАЕДНИЧКА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА


ДГ. Колку има вина самата држава Македонија , за неслогата на Македонците во дијаспората?
ЛР
. Вината е голема. Сега кога си имаме своја дрзава иселениците очекуваа врските со матицата Македонија да се интезивираат, но по се изгледа дека во Македонија не постои не постои ни една институција која мисли на иселениците. За зал морам да ја критикувам Агенцијата за иселеништво која меѓу нас таму воопшто не е присутна. Ошигледно целта за која е формирана оваа Агенција ошигледно е промашена. Иселениците очекуваа оваа Агенција да гради мостови, дури и простуваа на Македонија што времето си врви а таа не им обрнува внимание. Од проста прицина што тие си ја сакаат својата земја, иселен човек не е човек што си заминал зошто не ја сака државата, туку на тоа бил принуден на од некои причини, како војна сиронаштија и слично. Ако ги тргнеме на страна првите два брана на иселување во Канада, по Илинден и по Граѓанската војна во Грција, последниот бран по распадот на СФРЈ знацително го потикна иселувањето.Но, уште пострашно е ова што последниве години се случува, а тоа е масовно иселување на интелегенцијата од Македонија во Канада. Ова е вистинска трагедија. Ова е вистинска трагедија, зошто и под претпоставка за влегување во Европа, ќе ни се случи тоа без младите и паметни луѓе. И покрај сета немарност на македонската држава, ние, иселениците наоѓаме оправдување, велиме дека земјата е во транзиција и дека еден ден сепак ќе се случи и Македонија да застане на нозе. Иселеништвото е подготвено да помогне, има многу богати македонци во Канеда, но сепак тие не се подготвени да ризикуваат и својот капитал да го вложат во несигурни времиња. Иселеничкиот долар е тешко заработен и се внимава каде се вложува.

ДГ. Сигурно ве посетуваат огицијални лица од Македонија. Што тие ви велат при таквите средби?
ЛР
. Целта на тие посети се сведува на едно нешто. Инсистирање и обедување како иселениците да вложуваат во Македонија. И тука е нашето големо разочарување, тие не гледаат на нас како на интегрален дел на македонскиот народ туку гледаат само како да извлечат пари од нас. Не тераат да вложуваме а не ни даваат никаква гаранција дека тоа ќе се исплати и ќе биде заштитено. Но да не излезе дека се е така црно, да издвојам еден момент кој се случи во Торонто. Тоа беа деновите на Македонската година кои беа ланската година. Го видовме Битолскиот народен театар со Парите се отепувачка, Тоше проевски, кој беше многу популарен во Канада меѓу нашите, одржа два концерта, го видовме филмот на Тони Митриќевски Како лош сон и имаше изложба на македонските свадбени ракотворби.

ДГ. Како гледаат иселениците на последните случувања во Македонија околу новиот закон за територијална поделба?
ЛР
. Можам да речам дека иселеништвото го зафати паника и страв дека се случува нешто што за Македонија ќе донесе катастрофални последици. Ни еден иселеник не го одобрува ова, би рекла, вештачко кроење на новата територијална карта без никаква поширока консултација со сите релевантни фактори во Македонија, почнувајќи со интелегенцијата па завршувајќи со опозицијата. Се гледа дека сето ова се прави на присилен начин, без желба на македонскиот народ. Иселениците се на мнение дека се работи во Македонија за корумпирана политичка политичка гарнитура, а знаејќи го и фактот дека со сите мали држави во светот раководи Америка, сосема е јасно за иселениците дека денес во Македонија имаме марионетска влада. Но, да не се разбереме погрешно, јас не ја критикувам само сегашнава влада туку и минатата. Ние во Канада чувствуваме дека и двете влади се и беа корумпирани и под контрола на САД. На сето ова влијаеше и фактот што во Сад имаме силно Албанско и Грчко лоби во политичкиот естаблишмент, а за жал многу е слабо Македонското. Мислам дека Македонија се наоѓа во една многу комплицирана ситуација, потребна и е помош од сите страни, но прво што треба да се направи е да се потикне македонското национално чувство кај Македонците. Со силно национално чувство се победува се. Тоа е главен предуслов за опстанок на оваа држава, да се спротистави на непријателите, да се гради и афирмира во светот.


ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА НА МАКЕДОНИЈА НЕ ГЛЕДААТ НА НАС КАКО НА ИНТЕГРАЛЕН ДЕЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТУКУ САМО КАКО НА ИЗВОР НА ПАРИ.


ДГ. Има ли било какви реакции во Канада околу тоа што сега се случува во Македонија?
ЛР
. За зал, Канада е убава мултикултурна земја која на доселениците им дава најразлични права, но шокантен е фактот што оваа држава официјално ја нема признато Македонија под уставното име. Со ова се сум кажала.

ДГ. Кои теми од твојот престој во Македонија ќе најдат место во наредниот број на Македонски Вести?
ЛР
. Па, ќе пишувам за децентрализацијата, за незадоволството на народот, за референдумот, за културните настани а во тоа светло и за двете Струшки вечери на поезијата, но посебно место ќе посветам на првиот македонски весник кој излегува периодично во Грција а тоа е весникот ЛОЗА. Иаку го издаваат тројца луѓе во Солун, на грчки јазик но сепак е доказ за борбата на тој народ таму за културно издигнување.


ГЕВГЕЛИЈА МНОГУ ЈА САКАМ И ИАКО ТРИ ДЕЦЕНИИ ЖИВЕАМ ВО КАНАДА, КОГА ЌЕ МЕ ПРАШААТ КАДЕ Е ТВОЈОТ ДОМ, ЈАС ВЕЛАМ ТОА Е ГЕВГЕЛИЈА.


ДГ. Со какви импресии ќе се вратиш ти заедно со твојот син во Канада?
ЛР
. Гевгелија многу ја сакам и кога ме прашуваат каде е твојот дом јас велам Гевгелија, иаку три децении живеам во Канада. Овој пат ме погоди тоа што ја видов Гевгелија во една депресија, во економска исцрпеност. А, мојот син Јордан, кој сега има 18 години не беше бил во Македонија 6 години и неговото доаѓање овде беше со голема скепса. Тој порасна и се формира во Канада но моја желба беше да дојде и да се види со своите блиски. Како времето поминуваше јас забележував кај него една радост, ми зборуваше дека животот овде бил порелаксиран и полн со фолклорни елементи кои ги нема во Канада. Она што посебно ме израдува беа неговите зборови дека следната година тој ќе дојде сам и тоа на два месеца.



по своите корени


Љ. АЛЕКСОВСКИ

Фото: РЕДАКЦИЈА
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ
Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti
ВЕСТ ПО ВЕСТ




Курсна листа
НБМ-NBM
> Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
Graphic Design