
КУЛТУРА
КУЛТУРА

БОРИС ПЕТРОВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
... ВО ЕДНА ЧУДЕСНА УБАВИНА
Доказ за естетското во неговото творештво е и наградата за животно дело што
на Борис му припадна по повод празникот на градот 7-ми ноември.Тоа беше повод
за посета во домот на сликарот и разговор со него навистина на мое огромно
задоволство ми беше чест да се доближам до неговите дела и да ја
видам Гевгелија прикажана во една чудесна убавина.
Роден 1935 година во Гевгелија Завршил средно училиште и Педагошка академија-Скопје, одсек сликарство во класот на Лазар Личиновски Од 1969 член е на ДЛУМ Учесник е на повеке групни и самостојни изложби во земјата и во странство |
![]() |
ДГ. Најнапред честитки за наградата.Колку сте задоволни
што наградата за животно дело ја добивте токму вие?
БП. Ви благодарам за посетата и драго ми е што вие и вашата
редакција одвојувате дел за мене и моите дела. Наградата
животно дело ми значи многу. Пред се им благодарам на лугето
кои ме изгласаа. Наградата ми е посебно драга затоа
што за овој град творам повеке од 50 години, тој отсекогаш
живеел и ке живее во моите дела каде и да одам се вракам тука.
Роден Крај
ДГ. Накратко за вашите почетоци. Се сеќавате ли кога
првпат ви се роди идејата за сликање?
БП. Многу добро се секавам на тие моменти од детството.
Моите први цртеѓи беа на тетратка со коцки, а цртав на
ламба на газје кога струјата имаше до 22 часот навечер.
Но сепак со сликање започнав по уписот во средното училиште
во Скопје и првите почетоци се од тој период.
ДГ. Она што најмногу успеав да го забележав од вашиот уметнички
опус се пејсажите.Дали како мотиви тие се најмногу застапени во вашите дела?
БП. Во моите дела застапени се мотиви од Демиркапијската клисура,
повардарие и Дојанското езеро. Инспирација доага точно од нашето
поднебје, плодните полиња, ретките природни убавини и богатата
народна традиција. Тоа отсликување на гевгелиското поднебје ми
остана како аманет од мојот професор кој ни сугерираше да не се двоиме од родниот крај.
ДГ. Многумина сигурно ве прашуваа зошто токму родниот крај?
Зошто е сликате поинаку како што се слика во Европа?
БП. Но тие што прашуваат излгеда заборавиле од каде потекнувам.
Јас не можам да сликам надвор од амбиентот во кој сум создаден
и во кој сум се формирал како човек, како карактер. Ако би сликал
онака како што сликааат во светот би значело да бидам туѓ на
самиот себе. Како таков би бил прифатен во амбиент поинаков од оној во кој што сум се родил.
ДГ. Би ни издвоиле ли некоја награда што ви е посебно
драга, освен се разбира оваа за животно дело?
БП. Наградата што ми е многу драга е од Киц-Скопје, тоа е наградата
во 1997. година за минијатурно сликарство-награда во мал формат Вангел Коџоман.
ДГ. Дали имате создадено некое дело кое за градот ке остане како трајна вредност?
БП. Како трајно дело ке го истакнам зграфитот на фасадата на
Мобимак кој со мојот колега Хаџимитров го изработивме во 1959.
Исто така трајна вредност се и трите мозаика на
споменикот на слободата-Преродба, Илинден, Ноб-на вардарскиот рид.
Мир и Спокој
Кога би сликал како што сликаат другите во светот би бил туѓ и на самиот. Како туѓинец нема да бидам прифатен како ликовен интерпретатор на туѓи предели со туѓи традиции и поинаков амбиент од оној во кој што сум се родил.
...

Останати статии од оваа рубрика:




РУБРИКИ |
Насловна |
Свет |
Пари |
Македонија |
Регионал Инфо |
Спорт |
Култура |
Хроника |
Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ

Филип Македонецот ...
за нашата иднина...

ОТВОРЕНО |
Дом |
Life Style |
ИНФО Сервис |
Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ








Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
ВЕСТ ПО ВЕСТ |
Курсна листа | ||
![]() Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
USD | 001 | 46.3074 |
EUR | 001 | 61.4129 |
GBP | 001 | 67.3978 |
CAD | 001 | 37.6305 |
AUD | 001 | 30.9011 |
CHF | 001 | 41.3332 |







- К О Л У М Н А
САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ
![]() |
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
![]() |