My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

КУЛТУРА

КУЛТУРА

ВО СПОМЕН НА НЕЗГАСЛИВИОТ ЧОВЕЧКИ ФЕНОМЕН


ИЛИЈА ЏАЏЕВ
ПОЕТ И ВИРТУОЗ НА ХАВАЈСКА ГИТАРА


Градовите живеат со своите знаменитости. Гевгелија во своето блиско минато имаше своја жива знаменитост, свој жив имиџ. Да се биде творец со вонвремен дух е даровитост. Да се скита по светот и цел животен век да се одржуваат бесплатни концерти е добродетелска мисија на љубопитник и самопрегорник. Да се спортува со велосипед.да се препливува Вардар во јануари, да се пишува поезија, да се снимаат филмови, тоа е творечка релаксација на телото и на духот. Се работи за личност од несекојдневен и широк духовен формат, преполна со идеи за творештво и преобразба. Сите овие животни определби го образуваат и карактеризираат светот на Илија Ј. Џаџев кој не и припаѓаше на ниедна идеологија и градеше свој филозофски поглед кон човекот и светот,длабоко хуманистички и крајно специфичен. Според неговата автобиографија, тој е роден меѓу двете светски војни, на 5 октомври 1926. година, во гратче меѓу три легендарни планини и езеро, близу еден залив на Медитеранот. Низ планетата Земја поминал околу 4 милиони километри, а тоа е 80 пати обиколување на земјината топка. Има слушано предавања на четири европски и на еден американски универзитет. Дипломира на Природно математичкиот факултет во Скопје, група географија во 1954 година. Работниот век го поминува во Гевгелија во училишниот центар Јосиф Јосифовски. Илија Џаџев,како виртуоз на класична и хавајска гитара одржува над 6.000 бесплатни концерти на подиуми и сцени, во детски градинки, во рударски окна, на железнички станици, гранични караули, касарни, во студентски домови, пензионерски домови, затвори, на патнички и воени бродови, аеродроми, плоштадите во Париз, Берлин, Рим, Лондон, Атина, Софија, пред пирамидите во Сахара, низ многубројните градови во Македонија и јужнословенските држави.
И, да се послужиме со неговото кажување, тој ги фрла своите години во една канта за ѓубре кај Санта Моника, близу Великиот Океан за да може да живее во време без години. Долги години учествувал на Струшките вечери на поезијата, како музички илустратор на светските поети.

Во Гевгелија, во неговиот животоземски дом останаа спомени од времињата во една одаја преполна со плакети и признанија за неговите концерти, преполна збирка на поезија, хармоники, гитара, грамофонски плочи, карикатури, разгледници, портрети и бисти на поетот и маестро Илија Џаџев. Денес тие се во сопственост на неговата сопруга и ќерка кои живеат во Скопје.

Како поет остави 19 збирки на поезија, два романа во ракопис-Свештарот и Професорот и друмската проститутка, како и 10.000 афоризми. Има снимено два филма каде толкува главна улога и тоа 99 во режија на Столе Попов од 1975 година како дипломска работа на Попов и Концерт за една душа во режија на Иван Митевски во 1978 година.

Gitara havajka
фото следува

Илија Џаџев не и припаѓа на ниедна генерација поети и како таков тој беше категорички против таквото вбројување. Како и концертите, и збирките ги правеше на своја сметка бидејќи не чувствуваше потреба некого да обврзува па затоа и ги подаруваше. Како човек со слободарски дух, ја почитуваше туѓата слобода и никому не му се наметнуваше. Неговото поетско кредо е во самиот човек, ослободен од сите комплекси, додворувања, лицемерие и омраза. Таквото негово вјерују дадено е во неговиот стих Незгасливиот е оној, што образ е сегде пред народ и војник, пред морал и дете. Авторот погодува со стихот во најдлабоката внатрешност на човековата душа, отвара пат низ кој патува свеста и совеста и води кон разбирање на луѓето, кон заедничко надраснување и афирмирање. Широк во мислата, недофатлив во хоризонтот на поетското и епското, понекогаш делува и изненадувачки кога се пренесува на планот на филозофското гледање на човечкиот живот кој за да опстојува мора да се ослободува од наслагите на комплексите. Џаџев е поет оратор со фантастично развиен рефлекс за специфичен поетски говор. Неговата интуиција е кажана во песната како незавршена симфонија од неговата хавајска гитара и одзвучува без предрасуди и заблуди. Вистински поет експресионист. Неговото творештво изобилува и со јазични иновации со што нуди богат фонд од зборови како придонес во збогатувањето на македонската поетска и јазична лексика.

Така тој се вгради во редовите на оние наши творци кои со идеја и слух, со љубов и самопрегор им припаѓаат на најшироките народни маси, давајќи му на светот уште еден доказ за хуманост, надеж и волја за преобразување и надраснување, без што цивилизацијата на оваа планета би оглувела, онемела и истата би била посиромашна пред генерациите кои доаѓаат.

Можеби Илија Џаџев беше последниот македонски трубадур, кој со донкихотовска увереност и страст им робуваше на своите исконски визии на звуци, на хармонија. На еден од неговите пријатели, Џаџев му наликува на смел тореадор, на непоправлив вљубеник во убавината.

Неговиот живот заврши на 14 април 1991 година. Пред извесен период, група ентузијасти и почитувачи на неговото дело направија обид да го обноват сеќавањето на оваа гевгелиска легенда и во еден ден да се потсетат на се она што беше Џаџев. Беа тука и неговата сопруга, неговата ќерка, Беќарев од Белград и некои негови пријатели. Мал обид за една таква величина. Добар Глас ќе се обиде оваа година сето ова да не остане само како обид, и заедно со почитувачите на неговото дело да направи достојно чествување на последниот македонски трубадур.






креатор
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ


Останати статии од оваа рубрика:

Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ




Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот
Graphic Design