My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

КУЛТУРА

КУЛТУРА

ГЕВГЕЛИСКА ЛЕГЕНДА

ЛЕОНИД ЈАНКОВ


Сто години од смртта на гевгелијскиот војвода кој ја пролеа својата крв за честта и слободата на својот народ во месноста Ѓуров Дол на 1-ви септември 1905.година.

Минатата година пишивавме за панихидата која се одржа на гробот на Леонид Јанков на гробиштата на црквата Свети Спас, а организирана од г-динот Ѓоко Пеев, а по повод 99 години од загинувањето на Леонид Јанков.

Тогаш напишавме мал дел од она што претставуваше Леонид за историјата на македонската борба против турскиот окупатор.

Овој пат би сакале да изнесеме нешто повеќе детали околу овој светол лик, на национално револуционерната борба, кој потекнува од гевгелискиот крај и кој е влезен во своевидната гевгелиска химна ТРБА ТРБИ ГЕВГЕЛИСКИ. Во овој број на Добар Глас ќе објавиме извадоци од книгата на Слободан Мурџев "ЛЕОНИД ЈАНКОВ -Гевгелиска легенда".

Леонид Јанков е роден на 10 март 1878. година во село Мачуково, од татко Трајко и мајка Ката. Селото Мачуково, кое се наоѓа на 4 км од Гевгелија, во втората половина на 19. век било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. Со развојот на чифлигарството во Македонија, започнува процесот на претварање на македонските селани во чифлогари. Најголемиот чифлик-сајбија кој го држел Мачуково и половина Гевгелија била една жена, позната под псевдонимот Анмката. Османлиската бруталност предизвикала омраза, огорченост и спротивставување и со оружје со цел да се заштити честа и достоинството на селаните. За таа селаните си поставиле чувари за заштита на своите имоти таканаречени падари. Еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти, во почетокот на 20. век бил и Леонид Јанков.

Мачуковчани набргу разбрале дека ропската положба вечно не може да трае и да се поднесува, туку дека само организирани можат да се ослободат од ропството, и тоа со пушка во рака и со сопствени сили. Затоа со формирањето на организационите чети на почетокот на 20. век, многу селани од Мачуково се најдоа во четите на Сава михајлов и Аргир Манасиев. Столб на Организацијата во селото бил Генчо Лазаров Ортаков, а во организационите работи најмасовни биле Јанковци.

Движејќи се својот татко, а понекогаш правејќи му и услуги, Леонид уште млад, се запознал со идеите и целите на Организацијата и на ВМРО, ја сакал а подоцна и го посветил и својот живот.

Leonid Jankov
Леонид Јанков

Првата поголема борба на Организацијата била на 4 фебруари 1901. година во селото Бајалци кога четата на Чернопеев била опколена со околу 500 турски аскери. Османлиите биле изненадени од отпорот на востаниците, додека народот се гордеел со храброста што ја покажале неговите синови. После оваа борба биле затворени многу селани, а меѓу нив и Леонид Јанков. Бидејќи иследните органи не можеле да докажат некоја револуционерна активност, повечето биле пуштени по шест месеци, а меѓу нив и Леонид Јанков. Сепак османлиите ги користеле алчните за пари и непријателите на македонскиот народ за откривање и убивање на познати дејци ширум гевгелиската околија. Катастофалниот биланс по сите тие предавства бил 444. луѓе биле осудени на казни од 1 до 101. година, а 2000. луѓе биле тепани, мачени и малтретирани на најсурови и свирепи начини.

Откако Леонид бил пуштен од затвор него сите го почитувале, знаеле дека носи оружје и дека е добар стрелец а турците знаеле дека работи за организацијата и се плашеле од него. Леонид имал еден пријател турчин Емишин преку кој дознавал што се зборува за него во уќуматот. Но по убиството на шпионот Ристо Дјчинов од страна на Леонид, тој бил многу компромитиран пред власта па затоа преминува во илегала и се приклучува на четата на Аргир манасиев. Бил одреден за десетар а во 1902. година за околиски војвода во гевгелија. Оваа чета ги заштитувала луѓето од турските лошите турци, се борела против грчката пропаганда, ликвидирала нејзини претставници, а потоа се борела и против бугарскиот врховизам и пропаганда.

Во текот на 1903. година Леонид се наоѓал во четата на Манасиев, учествувал во востаничката борба во гевгелискиот крај против османлиското ропство. Тоа не била фронтална борба, туку се се одвивало преку диверзантски акции. По неуспешното завршување на Илинденското востание, во октомври 1903. година престанале сите борбени активности а поголемиот дел од востаничките чети се префрлиле во Бугарија. Со четата на Манасиев, тоа го сторил и Леонид Јанков.

Откако се враќа во 1904. година во гевгелискиот крај, леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов на подрачјето на Богданци развиле голема активност. Во текот на 1904. и 1905. година Организацијата претрпела тешки загуби поради се поголемите пресметки меѓу вооружените врховистички пропаганди од една страна и Организацијата од друга страна. Овие години биле години на големи удари врз нејзината жива сила а посебно врз раководниот кадар. Поради предавничката улога на врховистичките елементи внатре во самата Организација, убиени се многу видни револуционери, меѓу кои Христо Узунов, Никола Карев, Александар Турунџев, Сава Михајлов и ... Оваа 1905. година херојски загина и Леонид Јанков.

Откако дешифрирале едно писмо упатено од градското раководство до Леонид, турската војска собрала 3000 луѓе и го опколиле просторот околу селото Ѓавато. Леонид со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол. Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на турците.

Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна.






креатор
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ


Останати статии од оваа рубрика:

Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ




Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 

Ohridska banka


Skopje Alexander the Great Airport | Macedonia

Euro Broker


ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
К О Л У М Н А

САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ

ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

Секција за превземање
АНКЕТА
За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот
Graphic Design