
КУЛТУРА
КУЛТУРА

ЗЛАТНА ПЛАКЕТА НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА
СО ЗИЈАН - НЕМА ЗИЈАН И ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ
На еден дочек на титовата штафета поради нашата занесеност во музиката ќе завршевме во шутка
Над илјада посетители во домот на младите во Скопје имаа прекрасна можност
да се забавуваат, но и а ги оценуваат настапите на групите. А кога станува
збор за настапот на Зијан од Гевгелија, не се штедеа дланките и богато ги
наградија Ацо Митрев, Ице Ќорнаков, Коце и Јане Диневи. Навистина беше пријатно
да се следи растежот на една група која го започна чекорењето на скалите
по успехот токму од настапите на македонскиот рок фестивал.

Наша легенда ЗИЈАН
Ова го пишуваше во 1986. година тогаш единственото македонско забавно списание, „Екран“ во освртот на петтиот македонски фестивал. Растежот на групата Зијан одеше по нагорна линија уште од 1983. година кога ги направија своите први демо снимки во Белград и траеше наредните десеттина години. А, се започна во 1978. година кога млади музичари од Гевгелија ја формираа групата Трета Смена. Што е најинтересно, истите музичари го менуваат името во Зијан, што за нив претставува вистинска добивка, заминуваат во студии во Скопје и таму го одржуваат својот прв концерт во 1981. година како предгрупа на групата Видеосекс.
Ако Скопје се препознава по Скопско, тогаш слободно можеме да речеме дека
Гевгелија на музички план, се претставувал и се уште ке се претставува со
групата Зијан, работеле тие или не.Ова ке го илустрирам со еден податок.
Во текот на изминатите неколку години како водител на музичките програми
на македонското радио многу пати ми се случувало да ми се јават слушатели
од цела Македонија кои сакаат да слушнат нешто од групата Зијан. Само ке
се јават и ке побарат да ја слушнат „Пушти коси“ или пак „Остани“. Значи
групата Зијан останува како еден квалитет кој што постојано се бара и едно мерило на постојан квалитет.
А, патот од деца до возрасни музичари не беше толку лесен. Требаше да се
совладат многу пречки, но се чини најголемата беше како да му се докаже на
големото Скопје дека добра и квалитетна музика не се свири само во главниот
град туку дека и помалите места имаат што да покажат на тој план. А Зијан
се покажа уште при првата средба со големиот град. По успешниот настап на
Рок фестивалот 1984. година, кога стигнаа до четврт финалето, им беше понудено
да настапат во МКЦ што тие и го сторија и оставија одличен впечаток. Потоа
следуваат настапите на наредните Рок фестивали во Скопје, два пати настапуваа
на гитаријадата во Зајeчар и кога на оваа гитаријада го освоија првото место
од жирито добиваат шанса да ги направат своите први снимки најпрво во студијата
на Продукцијата за грамофонски плочи во Белград, а потоа и во Македонската
радио телевизија. Сепак во историјата на оваа група ке остане забележано дека
во студиото аквариус во Белград со продуцентот Саша Хабиќ, групата Зијан ги
сними своите први две композиции Хаска и „Низ Водно“. Во Скопје ги снимаат
композициите „Јукумутата“ и „Што ке ми си“ под диригетската палка и што ке ми си
од диригентската палка на продуцентите Брацо Зафировски и Никола Кимовски со
што се пишуваат првите страници од музичката историја на оваа гевгелиска група.
фото архива ЗИЈАН
Овие први снимки долго се вртеа во емисиите за млади Дискоселектор и радиото
Урнебес на македонското радио и претставуваа отскочна штица за понатамошната
кариера на групата, сепак како круна на нивното работење на 1990. година ке
остане албумот Низводно снимен во студиото на МТВ во таа 1990. год. кога со
продуцентот Валентино Скендеровски снимааат осум композиции чии автори се
Ацо Митров и Коце Донев, а на албумот како гости се појавуваат и Киро Зрлинов
кој потоа станува и член на групата, Вера Јанковиќ вокал на групата Психо а
потоа радио и тв водител, и познатиот мајстор на кавал и гајда Стефче Стојковски, кој сега има свој оркестар.
Она во што Зијан биле најјаки сепак остануваат концертните настапи. А, нив во
овие изминати години ги имало многу. За концертите во една прилика Коце ке рече
дека за секоја група тоа претставува мерило за квалитетот на самата група и
нивната музика. Само на еден концерт , ке каже тој на свирките во живо, може
да се создаде вистинска атмосфера која ако е добра ве понесува да дадете се од
себе. Таа атмосфера која ја создавале за малку ке ги чинела и одење во затвор.
Имено при пречекот на Титовата штафета на скопскиот саем, групата толку се занела
во својата изведба на темата низ водно што не забележала дека штафетата стигнала
во салата. Кога лугето од обезбедувањето почнале да мафтат со рацете со цел да
им кажат да престанат да свират Коце и другите помислиле дека тие им мафтат како
подршка на нивната музика, па затоа си продолжиле да свират. Дури откако некој од
организаторите се качил на сцената и интервенирал тие престанале да свират.
Освен овој концерт, членовите на Зијан со гордост се сеќаваат и на настапите
на белгратска Маракана и во киното парк во Скопје каде настапувале со најголемите
југословенски рок бендови во тоа време. Атмосферата тогаш била-велат тие како на
фудбалски натпревар. Хуманитарни концерти свиреле многу, но сепак ги паметат
оние од 1985. година во гевгелискиот диско клуб Лав, кога целиот приход од концертот
одел за гладните од Етиопија, а 1996. организираат концерт во
Негорските Бањи кој бил вистински рок хепенинг.
За музиката на групата Зијан да кажеме само дека останува свежа и и нтересна и
после толку многу години благодарејки, пред се на интересниот спој на македонскиот
мелос и одличните текстови, луцидните аранжмаснки решенија и секако
изворедната музичка подготвеност на сите членови на групата.
Зијан последните години не настапува толку често и е фокусирана на студиска
работа во приватното студио на Коце од Гевгелија, а одвреме навреме се појавуваат
на живи настапи во својот роден град, каде живеат и работат.
фото архива Естрада
Доделувањето на златната плакета по повод 7-ми Ноември, претставува не
само круна на нивната работа туку и потврда за повеќе годишната
афирмација на градот Гевгелија при настапите на групата Зијан во
сите поголеми места во Македонија и надвор од неа.

Останати статии од оваа рубрика:




РУБРИКИ |
Насловна |
Свет |
Пари |
Македонија |
Регионал Инфо |
Спорт |
Култура |
Хроника |
Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ

Филип Македонецот ...
за нашата иднина...

ОТВОРЕНО |
Дом |
Life Style |
ИНФО Сервис |
Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ








Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
ВЕСТ ПО ВЕСТ |
Курсна листа | ||
![]() Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
USD | 001 | 46.3074 |
EUR | 001 | 61.4129 |
GBP | 001 | 67.3978 |
CAD | 001 | 37.6305 |
AUD | 001 | 30.9011 |
CHF | 001 | 41.3332 |







- К О Л У М Н А
САМО ЗА ДА ЗАМИНЕ ЕДЕН ...
МАСКА ЗА ЕГОИЗАМ И ...
КОАЛИЦИЈА НА ВЕТУВАЊА
РЕНТИЈЕРИ НА ОКОЛНОСТИТЕ
![]() |
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
![]() |