Генетско Произведени Невладини Организации

Цивилно општество како коректив на власта???!!!

Тоа е само реклама со која се обидоа да го протнат концептот на цивилно општество и целата приказна околу тоа. Во стварноста цивилното општество служи само идеите кои не можат да стекнат доволно поддршка и мнозинство во парламентот како и доволно поддршка во општеството се протнат низ мала (на задната) врата. ГМО-НВО се уште еден начин на притисок дополнително средство за притисок врз владите за да се протуркаат некои закони (се разбира со сесрдна поддршка на монополизираните медиуми кои се веќе нивни).

ГМО-НВО можат да бидат коректив на власта само ако во својот состав имаат сопствени вооружени формации (црно-кошулаши 1933, десни баталјони 2014, Kанвас логистика 2000-2016). Оставете ги теориите за цивилно општество и НВО. Тоа се платеници кои ја спроведуваат волјата на своите финансиери (ова се однесува за мноштвото, секако постојат НВО кои имаат човечки мотиви и цели но тие најчесто се без финансиери и без поддршка од медиуми или пошироко).

И еден совет до оние кои се членови на ГМО-НВО да соберат колку што може повеќе пари а мавнете ги идеите и теоретизирањата. Целиот тој систем толку многу го испоганија и извитоперија што многу наскоро ќе биде срамота да се каже дека сте член на една таква организација.


Некогаш некој рекол – според филозофијата на Будизмот

Секогаш кога ќе сакаш да најдеш решение врати се на почетокот од проблемот!


На почеток една шема за структурата на моќ, некои би ја сврстале под теорија на заговор други мислат дека таквата организациона структура на моќта е реалност, сепак погледнете сами и одлучете.
Структурата на моќта во општеството е претставена преку 4 концентрични круга, од јадрото кое е најмоќно кон надвор::::
  • 1. Внатрешен круг (inner cycle) – глобален финансиски „труст“, најбогати фамилии и кланови, со богатство од преку милијарда евра.
    – извор на моќта е самото потекло. На пример Rothschild’s, Rockefellers etc.
  • 2. CEO-s (извршни директори) – на големите наднационални компании и на најголемите меѓународни финансиски играчи.
    – Нај повеќе се заинтересирани за зголемување на богатството на првиот круг а потоа и нивното сопствено, како консеквенца-последица (од прелевање на богатствата).
  • 3. Главните меѓународни политичари, некои активни, некои во позадина како советници, плус топ милитаристи.
    – Имаат задача да организираат дистрибуција на општествениот производ на начин што ќе овозможи највисок можен прелив на богатството на државата во џебот на внатрешните два круга (1 + 2), и да обезбедат политички “циркус“ и илузија дека “рајот” има демократски избор.
    – Сето тоа е лага …
  • 4. Четвртиот круг се академици, медиумски магнати, правници, филмски музички и медиумски ѕвезди, уметници, невладини организации (НВО), верски лидери и помалку криминалците …
    – Тие уживаат привилегија на пристап до оние на власт.
    – Тие се добро платени и се плашат да ги изгубат привилегиите.
Според дадената структура на моќ, некои би заклучиле, дека е јадна онаа држава во која одлучува народот. Затоа што секогаш криво одлучува, што и не е спорно ако се има во предвид пирамидата на моќ.
Исто така треба да се напомне дека новинарството беше замислено како засебен круг X столб на демократијата, односно дека граѓанството треба да биде темелно и чесно информирано од страна на непристрасни, независни тела кои пак по дефиниција треба да имаат статус како и правосудството па да дејствуваат без притисок, а при тоа истите да се придржуваат кон етичките кодекси во поглед на начинот на кој на јавноста и пласираат информации.
Но, иди бегај!
Столбот се сруши и пред да се постави.
Сведоци сме на максимална злоупотреба која неминовно води кон тоа така што народот одлучува онака како што ќе му се каже.
СТОП ЗА ГМО-НВО
Генетски изменета невладина организација ГМО-НВО — организам чиј генетски организам е изменет со помош на користење на техника на генетско-социјално инженерство. Организации кои биле генетски изменети со вклучување на микро-организми како што се програми, проекти и активности. Генетски изменетите невладини организации како извор користат генетски долари евра а понекогаш и денари. Невладините организации произведени според принципот на ГМО-НВО (Генетски Произведени Невладини Организации) ги имаат истите карактеристики како и генетски третирани билки и животни после првото оплодување тие стануваат неплодни-стерилни!!!
Оваа имплицира дека меѓународната мафија си креирала сопствена ГМО-НВО мрежа преку која ја остварува својата улога во управувањето преку друга линија на управување.
Гледано од перспектива … Чиста кибернетика!
При самото дефинирање на овие ГМО-НВО има потешкотии и различни погледи еднаш се НВО друг пат се НГО, што би се рекло демократија до бесвест!
Сите овие ГМО-НВО производи ќе ви речат дека нивната визија е придонес за поквалитетни политички процеси во вашата земја, а воедно им е забрането да го изговорат зборот Македонија, низ едуцирање на врвни кадри и нивно мотивирање за јавно делување. Нивната мисија е развивање на демократска политичка култура меѓу младите кадри и популација како и поттикнување на дијалог и соработка меѓу нив по прашањата од општ општествен интерес. Амин!

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »