Хибридни војни – Разбивање на Балканот

ИНФО:
Извонредниот Андреј Корибко во својата студија под наслов Хибридни Војни особено внимание посветува на Балканот и Македонија! За прв пат имаме прилика од еден млад човек да видам реален и над се сеопфатена анализа за состојбите на Балканот и во Македонија. Верувам дека со неговата студија ќе дојде до продлабочување на реално соодветно гледање, кај читателите, на состојбите во Македонија и во регионот, како од политичка (внатрешни актери на процесите) така и од регионална односно глобална перспектива-аспект.

Хибридни Војни (V)

Автор: ANDREW KORYBKO (САД)

(Повеќе можете да пронајдете во деловите I, II , III , IV , и V прочитајте пред да продолжите)


Хибридни војни 5. Разбивање на Балканот (VI)

Разбивање на Балканот (VI)

Андреј Корибко | Andrew Korybko

Андреј Корибко | Andrew Korybko

Светот сведочи за единствен пример, ваков сериозен обид за Обоена револуција во Македонија беше одбиен на мирен начин од населението, што ни покажува дека патриотизмот е непроценлив во првата фаза за одбрана од хибридна војна.

Завршното поглавје во однос на Законот за применливост на хибридна војна на Балканот завршува со Република Македонија, земја која е веројатно најмногу изложена на ризик од расцеп со шемите на САД. Таа ги задоволува речиси сите општествено-политички слабости идентификувани од страна на теоријата, како погодни за хибридна војна, кулминацијата планирана на историските избори за април 2016 како ми можело да се изманипулира и послужи како изговор за поставување на деструктивното сценарио во движење. Во исто време, пак, Македонија веќе се има докажано дека може да биде неверојатно отпорна и да се брани од речиси идентично сценарио уште во мај 2015 година, на чиј тек се спротивставија а за што многу странски набљудувачи претпоставува дека е настан на свршен чин во промена на режимот.

Светот од тогаш сведочи за единствен пример, како еден сериозен обид за Обоена револуција беше одбиен на мирен начин од населението, што докажува дека патриотизмот е непроценлив во првата фаза за одбрана од хибридна војна. Комплементарно со тоа, безбедносните сили го разбија албанскиот терористички прстен преку кој однапред се планирало да се предизвика неконвенционална војна паралелно со обоените револуционери, за среќа, дојде до поништување на овие дестабилизирачки променливи пред тоа да доведе во можност да убива цивили. Заедно земено, позитивната и искрена интеракција меѓу народот и државата демонстрира нов и ефикасен модел за борба против хибридни војни, а лекциите кои ги научи светот не смее да се заборават. Што би се рекло, Македонија во април 2016 имаше повеќе од една година интензивни социјални и структурни претходни подготовки за да се подготви за претстојното сценарио на хибридна војна, што значи дека заканата е исто толку, ако не и повеќе, акутна за време на претстојните избори отколку што беше во мај 2015 година.


Црн Круг

Република Македонија е таргетирана за хибридна војна поради својата примарна геостратешка позиција долж Балканскиот тек и Балканскиот пат на свилата, но земјата е социо-политички поранлива отколку било која од другите транзитни држави, заради што ја прави неодолива цел за САД.

Геостратегија:

Македонија - Геостратегија

Македонија – Геостратегија
Извор: OrientalReview.org

Повикувајќи се на трасите на двата мултиполарни мегапроекти, нивната точка нивниот слив е во Република Македонија, а не во Грција, бидејќи тие не почнуваат да се изведуваат паралелно еден со друг се додека не ја преминат границата. Тоа значи дека Македонија е клучна “алка” за поврзување и на двата проекти со Балканската внатрешност. Грција е секако важна како пристапна точка во целина, но Балканскиот тек и Балкански пат на свилата се напречни и од различни правци, така што најзначајна ефикасна контролна точка на која може да се примени притисок за да се поткопаат и двата заедно и истовремено е во Македонија.
Ако високиот степен на дестабилизација требаше во земјата да наметне или да постави рапидно проамериканска влада на власт, тогаш тоа наметнува веројатност дека проектите нема да имаат многу иднината потоа, па затоа остварувањето на примарната цел на САД ја објаснува главната геополитичка важност на Македонија во балканската стратешка конфигурација.

Социо-Политички аспект:

Дополнително загрозување на геостратешките планови на САД за Балканските мултиполарни мегапроекти се социо-политичките слабости внатре во Република Македонија, а кои ја прават многу подложна на надворешни манипулации. Еве еден краток преглед за тоа како тие се трупаат во согласност со шесте карактеристики најтесно поврзани со Законот на хибридна војна:

Етницитет

На последниот попис од 2002 година се наведува популација од 64,2% Македонци и 25,2% Албанци. Ова е важно не само од аспект за можноста од надворешно предизвикување на етнички конфликти, туку и затоа што се однесува за влада на земја уредена според прописите на Охридскиот договор. Пропорционална парламентарна застапеност има мандат на закон како резултат на тој документ, што значи дека ако на претстојниот попис се открие неверојатно зголемување на бројот на албански државјани (што е реалност поради двојни и тројни државјанства – м.з.), тогаш тоа ќе има директни последици врз составот на владата. Исто така, може потенцијално да ги влоши тензиите сами по себе, особено ако постои причина за сомневање дека новите бројки на албанската популација се предмет на фалсификат на некој начин (на пример, “опозиција” внесена во влада ја зголемува бројката како форма на “благодарност” на нивните хибридни албански поддржувачи кон војна и како начин да се “легитимира” планираната федерализација на земјата).

Религија

Тука лежи уште еден потенцијален извор на општествена поделба која совршено се поклопува со етничкиот состав на земјата. Речиси сите етнички Македонци се православни христијани, а скоро секој Албанец е муслиман, и покрај традиционалната секуларност, се зголемува исламизација на муслиманските заедници низ целиот свет (особено на Балканот, како дел од нео-отоманските општествени предуслови и подготовка на Турција) е причина за загриженост која може да предизвика идентитетски конфликт во историски христијанска земја како што е Македонија. Друг проблем се разбира, е ИСИЛ, и уште во август во Македонија се уапсени 9 лица поврзани со терористичката група (тие се ‘уште се во потрага по уште 27 што избегнале апсење преку плаќање во тоа време), што укажува дека таму е многу вознемирувачка можност дека организацијата веќе има воспоставена подлабока мрежа во земјата. Со оглед дека поголемиот дел од муслиманите во Македонија се Албанци, има многу големи шанси дека ИСИЛ има кооптирано членовите на оваа демографска група и на тој начин да се обидат да вметнат спин на “калифатот” со воен повик за голема Албанија со цел двојно да се зголемат овие две деструктивни идеологии. Морничаво, Македонија е исто така вклучена во петгодишниот план на ИДИЛ за создавање на светски “калифат”, така што веќе е цел како што е.

Историја

Република Македонија има богата историја која се протега назад со милениуми, но за концизно да се поврзе со сегашноста, треба да се ослушне минатото во мрачните денови на Втората светска војна, кога фашистичка Албанија и Бугарија се здружија и ја анектираа територијата на Македонија меѓу себе. Иако е точно дека не постоел меѓународно признат административен субјект со име “Македонија” во тоа време (таа беше дел од Вардарска бановина во Кралството Југославија), и тоа не значи дека не постои такво нешто како етнички Македонци, кои всушност, беа поделени меѓу Србија, Бугарија и Грција по балканските војни пред Првата светска војна.

Балканот за времето на WWII

Балканот за времето на WWII
Извор: OrientalReview.org

Причината поради која Втората светска војна се зема како појдовна точка во оваа студија е затоа што и Албанија и Бугарија денес уште еднаш ги покажуваат нивните експанзионистички идеологии, и иако тие не би можеле да бараат и физички да ја окупираат Македонија, како што тоа го правеа за време на Втората светска војна, што не значи дека тие се откажале од своите хегемонистички амбиции кон Македонија. Грција, исто така е иритирана поради долготрајниот спор по прашањето за името и Атина одбива да го смени ставот, и покрај тоа излегува да биде благословена во ретроспектива, бидејќи ги спречи поранешните про-западни влади на Македонија во намерите за брз влез во ЕУ и НАТО. Важноста на сивите соседи на Македонија, ќе се дискутира во следниот дел од истражувањето што е посветен целосно на нив, но во овој момент, тоа е важно само да се препознае дека ниту една од овие три гореспоменати земји ги нема најдобрите интереси на Република Македонија на умот, и дека тие не би се двоумеле да ја поткопаат за нивната сопствени интереси, ако им се даде можност.

Административни Граници

Република Македонија административно е поделена на 80 општини во 8 статистички региони. Трите најважни поврзани со оваа студија се Скопскиот, Полошкиот и Југозападниот регион, бидејќи тие го опфаќаат поголемиот дел од албанското население во земјата. Исто така, Полошкиот регион е само еден кој всушност има мнозинско албанско население, и земени заедно, тој е демографски многу концентриран во лак по поголемиот дел од западната граница на Македонија. Овој демографски распоред не одговара на остатокот од регионалните граници на земјата, но така може провокативно да направи случај (ако “опозицијата” која е застрашувачка со онаа што би го сторила, ако таа дојде на власт), што треба да се смени со цел да се даде уште посилно чувство за застапување и “одвоеност” на албанското население. Се разбира, дека ова нема да биде ништо повеќе од еден изговор кој ќе послужи за формализирање на раздор и наметнување на непотребна форма како босанската тип на федерализација проектирана за да се задржи земјата во состојба на постојана тензија и засекогаш да се попречи нејзината ефикасност во управување.

Социо-Економски Разлики

Ваквата социо-политичка ранливост е малку потешко да се процени точно, бидејќи, иако се шпекулира дека етничките Албанци имаат релативно понизок животен стандард од Македонците, но тој е се уште многу повисок и подобар отколку што би го имале во Албанија или во окупираната српска покраина Косово. Покрај тоа, нема конкретни докази дека разликата во условите на живот е доволно широка за да се оправда значајната поделеност меѓу двете етнички групи. Исто така, кога се зборува во општа смисла, Македонија е една од успешните економски приказни во Европа последниве години, со својата одржлива економија на раст и покрај кризата која го парализираше остатокот од континентот. Ова значи дека секој однос на социо-економски разлики меѓу Македонците и малцинството на етничките Албанци се уште помалку нагласени од другите демографии во Европа, бидејќи како што може да се заклучи сите имаат корист од неодамнешниот раст на земјата, додека нивните колеги едноставно трпеле. Затоа, од сите општествено-политички слабости присутни во Република Македонија, ова е најслабиот и најмалку значаен од купот, иако со манипулирањето на перцепцијата за поделеност може да биде згоден инструмент за САД да се користи во агитирање кај етничките Албанци против Македонците.

Физичка Географија

Оваа последната Хибридна Војна и со олеснителна карактеристика секако дека се игра во корист на САД. Веќе е утврдено дека Албанците сочинуваат една четвртина од населението во Македонија и во голема мерка се концентрирани во западните погранични региони од државата. Како “среќа” ги имаат, овие брдски и повеќето планински делови на земјата, кои се разбира се идеални за герилско војување и други видови на неконвенционален тип агресии. Во случај критичната маса Албанци биде заведена во организирање протести против владата и на вооружен бунт по неуспешната обоена револуција, ризикот е извонредно висок дека тие ќе бидат тактички успешни и способни за продолжување на своето востание за неопределено време. Ова сценарио станува уште поизразено ако се сфати дека Албанија може лесно да ги искористи овие географски карактеристики, со цел да врши снабдување со оружје и борци преку границата за одржување на терористички бунт против државата.


Сиви Соседи

Веќе порано стана збор за тоа дека три од четирите соседи на Македонија „негуваат“ негативни намери кон соседната независна држава, па во овој момент, ова е потребно да се прошири и се постави во контекст на теоријата на Хибридна војна (Hybrid War theory). Читателот треба да има на ум дека само наречените национални влади имаат длабоки и вкоренети скриени мотиви кон Македонија и дека не сите граѓани во овие земји ги споделуваат своите погледи со имплицитните ставови на нивните власти:

Албанија:

karta na golema albanija

карта на голема Албанија
Извор: OrientalReview.org

По стигнувањето на оваа последно поглавје и преку прочитаните претходни објаснувања за голема Албанија, веќе треба да биде очигледно, зошто е Тирана посветена на дестабилизација на својот сосед. За додавање на малку повеќе длабина на веќе воспоставените знаењата, Албанија идеално би сакала да создаде “Балкански Бенелукс” за институционално зацврстување на целосен спектар хегемонистички темели на голема Албанија, како чекор пред или по завршувањето на официјализирањето на Косово – како поделба на окупирана Македонија. Тирана не е заинтересирана за целата територија на земјата и од своите амбиции за стратешки застанува на работ на делови од Македонија со албанско население (најчесто се поклопува со фашистичката ера за наметнување на голема Албанија), но тоа секако, се прави и преку стремежот да се оствари контрола на етничките Македонски (ресурси) – администрирање на тамошните економски ресурси, како и што е. Најбрзиот начин за присвојување на таквите бизниси од постоечките и вистински сопственици би била федерализација на земјата и преработка на законодавството кое се менува административно, правни и даночен кодови за секој нов регион за поддршка на овие цели, или да иницира Косовско сценарио преку кампања на етничко чистење против автохтоното население и насилно ги окупира нивните установи потоа. Првата опција е повеќе “мирна” на двете има најголеми шанси да ги сочува овие бизниси функционално непроменети, додека втората речиси сигурно ќе резултира со Косовизација, како пример на пропадната “држава” а би се појавило во Македонските западни подрачја населени со (увезени м.з.) Албанци во Македонија.

Бугарија:

Културно и историски близок сосед на Македонија но кој никогаш нема сосема да се помири со независноста на Македонија и со одделните чувства за национален идентитет. Бугарските националисти веруваат дека не постои такво нешто како македонска етничка припадност, култура, јазик и дека сето тоа е само суб-стандардна форма на голема Бугарија. Овој став не е официјално експониран, но тој премолчено се користи кога Бугарија се обидува да се однесува од високо како “големиот брат” во Македонија, особено во обидот да биде “водич” кон патот за членство во ЕУ и НАТО. На “дели институционализмот” што Бугарија се надева дека ќе влезе во врска со Македонија и е само тактички параван за подобрување на неговата одржливост за контрола на работите на својот сосед, веќе видена западна форма водена од нео-империјализмот на Софија која дејствува како “доброто момче” за водењето на прокси.

Оваа форма на наметнување влијание не е иста како и на милитантната окупација кои се случувала за време на WWII (Втора светска војна), туку е таа прилично посуптилна, иако не и помалку ефикасна, начин да осигура дека Република Македонија останува под влијание на Бугарија. Највпечатливо, кога Македонија беше во најранлива позиција во последните неколку години, беше кога во процес за обид на обоена револуција во мај 2014 година, Бугарија провокативно ја размести својата војска на границата кон Македонија со цел да се заштити од непостоечки “терористи”, но во реалноста тоа применуваше заради застрашување и антивладин притисок врз Македонија. Како во клишето “делата зборуваат повеќе и погласно од зборовите“, и иако голема Бугарија не се промовира официјално од страна на Бугарија или нејзините водечки претставници, физичките манифестации и симболичната конотација го говорат спротивното. Со оглед на тоа како Бугарија се однесувала во текот на изминатите 24 години од Македонската независност, многу веројатно е дека таа премолчено ќе го продолжи текот на своите хегемонистички активности и настојувањата злобно да ја искористат секоја понатамошна дестабилизација на нејзиниот сосед со цел да се промовира оваа цел.


објавено во orientalreview.org 04.06.2016.год. врска

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »