Интервју на Никола Груевски

Интервјуто е дадено за порталот telegraf.mk (сопственост на медиумскиот монопол МПМ) во колку сакате да го видите целото интервју можете да го проследите на тој сајт, овде се само неколку одговори на Никола Груевски за кои сметаме дека се значајни..!

— DLM


Никола Груевски
ИНТЕРВЈУ: НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Никола Груевски

Никола Груевски

Интервју за telegraf.mk
Никола Груевски
претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Ние имаме две опозиции. Една официјална, СДСМ со неколку сателит или човек-партии со нив и уште една, би ја нарекол платена опозиција, иако индиректно и оваа првата користи од средствата на втората. И така е, еве повеќе од две децении.

Во 2009 година, кога беше екот на кампањата на владата „Ти си Македонија“, една од основните лекции била да ги убеди слушателите дека „Ти не си Македонија“ и дека никој во оваа земја не треба да се идентификува со местото и државата на раѓање и живеење, туку да се чувствува исклучиво како човек на планетата Земја
.
– на прашањето кој стои зад НВО, составено од малубројна но добро поставена група на лица, начинот на нивното финансирање а со самото тоа и финансирањето на протестите, според обвинувањата добро познати на сите odgovorot e
– Видете, НВО, кои се финансирани главно од фирмите на Сорос и од некои други странски извори имаат континуитет во своето работење, и кога има и кога нема протести. Во периоди кога нема протести, тие, пак, парите ги трошат за горе-долу истите луѓе, но во различна форма. На пример, држат разни јавни дебати против активностите и проектите на Владата, држат прес-конференции, гостуваат во телевизиски и радиоемисии, организираат т.н. пленуми од различен вид, им се вршат разни тренинзи за сето тоа.
Тренинзите најчесто ги вршат највидните лица на организациите на Сорос и од она што сум го слушал, често пати има крајно секташко однесување и предавања, обиди за врбување млади и перспективни луѓе и вршење индоктринација кон нив, а притоа давајќи им пари и многу бесплатни патувања, кој е и главниот мотив….
– на дополнителното прашање што подразбира под тоа секташки?
– Па, … Говорејќи им против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо! Или барање во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!! И повеќе слични работи, кои човек го шокираат кога ги слуша.
Не се сите вакви методи, имаат и пософистицирани, но имаат и многу вакви. Слушателите доаѓаат затоа што знаат дека со сигурност ќе добијат пари, најчесто во некоја многу лесна форма, на пример давање некоја идеја, одржување некое предавање пред група студенти или слично. Голем дел од нив не подлегнуваат на индоктринацијата, но им требаат пари и слушаат и молчат. Некои од тие слушатели ми рекоа дека оделе на предавањата само заради парите, кои во тој момент им биле многу потребни, но се гаделе од она што го слушале и го гледале.
Во 2009 година, кога беше екот на кампањата на владата „Ти си Македонија“, една од основните лекции била да ги убеди слушателите дека „Ти не си Македонија“ и дека никој во оваа земја не треба да се идентификува со местото и државата на раѓање и живеење, туку да се чувствува исклучиво како човек на планетата Земја. Да нема никакво различно чувство за својот народ, традиција, историја и за својата земја во однос на која било друга.
Директна индоктринација младите луѓе да не ја чувствуваат Македонија како своја држава. И не ме чуди што денес без ниту малку совест некои млади луѓе ги сквернават спомениците на македонските херои кои ги положиле животите за денешната слобода и држава.

Инаку, од она што деновиве го објавија медиумите, видовме дека некои експоненти во протестите, кои се организирани од тие НВО, земале и до 70 илјади евра годишно.
-на прашање дали сака да каже дека континуирано се справува со вакви противници?
– Ние имаме две опозиции. Една официјална, СДСМ со неколку сателит или човек-партии со нив и уште една, би ја нарекол платена опозиција, иако индиректно и оваа првата користи од средствата на втората. Веројатно некој проценил дека, кога СДСМ е во опозиција не може со сопствени сили да се избори кај граѓаните за освојување на довербата и затоа вложува големи пари да им помага. И така е, еве повеќе од две децении.
Сите НВО, кои се финансирани од Сорос, кога е на власт ВМРО, работат, се борат повремено и протестираат против нас, а кога е на власт СДСМ, главно работат проекти што се поддржани од СДСМ. Значи, некој однадвор секогаш низ овие две и пол децении плаќа да му се помогне на СДСМ. Прво, затоа што со таков избор на кадри во раководството неспособни се самите да дојдат на власт или да се одржат на власт и второ, затоа што некој сака да се тие на власт, заради некој негов интерес. Никој не дава толку пари без да има некој интерес од тоа.
И да потсетам, ова не е само во Македонија, туку во повеќе земји, особено од Источна Европа и од Балканот.

Народот за нив е само инструмент што треба да се искористи да се дојде на власт и што подолго да се остане. Додека се на власт клучно е да го задоволат неформалниот сојузник, а за народот ќе фрлат по некоја коска.

Оние што непристрасно ги следат работите знаат дека секогаш во време на СДСМ имаме помалку демократија и слобода, ама тогаш тоа не е тема. Демократија и слобода е тема само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Тоа е тоа.
Зборуваат дека нема доволно демократија и слобода, а истовремено не се симнати од медиумите. Кога ние бевме опозиција, се сеќавам се боревме некој медиум да ни дојде на прес-конференција, а понекогаш не доаѓаше ниту еден. Или, пак, ќе дојдеа неколку, но ниту еден медиум во земјата немаше да ја објави прес-конференцијата. Протестираат непречено со недели, уништуваат и оштетуваат државен имот, сквернават споменици на најзначајните личности од историјата, бојадисуваат објекти, меѓу кои има и такви што не се дел од „Скопје 2014“, големата болка на СДСМ, нивното огледало на неработењето во времето кога имаа доверба од мнозинството граѓани и беа на власт.
-на прашањето зошто не е конкретен кога зборува за некои надворешни сили и дали. ќе каже нешто поконкретно околу тоа?
– Јас не сум ниту политички аналитичар ниту новинар, туку политичар со многу чувствителна функција. Кажувам дотаму додека сметам дека нема да им направам штета на државата и на граѓаните. Едно е некои работи да ги каже некој политички коментатор или аналитичар, друго е да ги каже политичар со функции и одговорности како јас.
Во првиот случај, најмногу може некој да има по некои лични последици или можеби никакви последици, во вториот последиците ќе бидат и врз државата и врз народот. Затоа морам одговорно да се однесувам. Но мислам дека на мнозинството од народот горе-долу му е јасно сè.


целото интервју можете да го проследите на telegraf.mk


Став

Во изминатите 25 години по осамостојувањето на Македонија сите сме сведоци на тоа дека Македонија со секоја година или ако сакате со секоја наредна влада Македонија се повеќе наликува и станува протекторат. Минатата и оваа 2016 година имаше нескриени обиди од страна на „меѓународната мафија“, која некои кои се платени од истата сакаат и ја нарекуваат меѓународна заедница, Македонија да ја претворат и во формален протекторат. Најголемиот проблем на Македонците и Македонија е што секоја власт, со исклучок на владата од 1991 со Никола Кљусев како премиер, е составена од страна на меѓународна мафија и не е израз на никакви избори и волјата на Македонците, така што сите тие функционираат како експозитури на меѓународната мафија.
Аргументи има на секој чекор и на сите страни кои го потврдуваат фактот дека нашите македонски влади се експозитури на меѓународната мафија, а се потврдува со нивното недвосмислено – за Македонија постои само еден единствен пат а тоа е евроатлантскиот (НАТ+ЕУ) – значи ние Македонците бараме да влеземе во друштво кое не сака да не признае дека постоиме не ни признава суверенитет, знаете правото секоја држава да се нарекува онака како самата ќе одлучи е едно од темелите на суверенитетот. Ако вие немате право да го изберете свое име тогаш за некои посуштествени работи не треба ни да помислиме да збориме. Името Македонија е онаа по што ние се идентификуваме и се организираме со право да створиме држава Македонија, но ете тие не се подготвени да го признаат тоа наше право, велат дека тоа само ним им припаѓа. Или, тоа што нашите политички елити со години не уверуваат и убедуваат дека тоа се тие нашите стратешки партнери, е па да не се лажеме, можеби се навистина нивни стратешки партнери, но наши сигурно не се!

Поделеноста и исклучивоста која постои во секое општество па и во Македонија, од страна на меѓународната мафија се искористи за изведување на преврат кој се изведува под смешно име шарена револуција. Но поради неможноста да се изведе превратот во моментов се преправа сценариото. Од познатите факти дека паријата која е на власт е за одбрана на името и идентитетот и со тоа ја има наклонетоста на Македонците и од една страна и опозицијата која е подготвена да тргува со името и идентитетот па дури и за редефинирање унитарниот карактер на Македонија, што и онака ниската доверба ја урнисува до дно, сето оваа уште на самиот почеток го осуди планираниот преврат-шарена револуција на пропаѓање.
Главната цел и замисла на меѓународната мафија беше преку формирање на вон-уставни институции како СЈО да го отстрани Никола Груевски од политичкиот живот. Во таквото сценарио требаше Груевски и некои други да бидат отстранети со нивно притворање и со тоа го отворат патот за избори на кои би се инсталирала саканата екипа, но. Не е сосема јасно зошто меѓународната мафија го смета Груевски за симбол на Македонизмот, затоа што симбол на Македонизмот е Македонскиот народ и името Македонија!!!

DLM

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »