Македонски Здруженија во Служба на?

Деновиве во политичката криза се инволвираат и разноразни здруженија и квази здруженија на Македонците низ светот. Ова самото по себе кажува дека менторите вршат втор бран на засилена мобилизација на сите нивни платеници кои се инсталирани во овие здруженија!! Скопје Macedonia
Еден од по впечатливите испади е тнр. повик и медиумски пропаганден настап на група Македонци во Австралија која се обиде да инсценира поделба помеѓу Македонците на овој континент, од причини кои не ми се познати нивниот обид не успеа. Медиумски овој обид се пласираше преку радиото Илинден во Мелбурн, сепак ова излезе фијаско кое ова група дефинитивно ќе ја истера на чистина, а Македонците во Австралија конечно ќе ги видат овие …
Вториот обид е направен преку Јавен Повик до Граѓаните и Политичките партии во Македонија од страна на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) во прилог интегрален текст од овој пропаганден памфлет, а во продолжение за прашањата кои произлегуваат од овој настап на ОМД, кои би биле:
  • Чија агенда и за чии цели односно во чие име настапува оваа здружение?
  • Кој го претставува оваа здружение односно кој го финансира?
  • Дали ОМД со оваа соопштение се стави во улога и на услуга на сите оние кои сакат Македонија да ја избришат од картата на светот?
  • Дали овие лица кои се претставуваат како челници на ОМД стапиле во контакт со претседателот на Р. Македонија во врска со неговата одлука за аболиција, ако стапиле што им рекол тој, ако не зошто излегуваат со произволни тези и со тоа и нанесуваат штета на Македонија и Македонците низ светот?
Се разбира ова се само дел од прашањата кои се наметнуваат, па ги повикувам сите кои се членови на оваа здружение ОМД ги постават овие прашања до нивните претставници, можеби тогаш ќе бидат целосно запознаени со сценариото кое се спроведува кон Македонија и дали нивните избраници учествуваат во оваа сценарио за пари или некој друг вид на надомест?
Помеѓу целите на организацијата се и

1. Заштита на правата на Македонците ширум светот
2. Зајакнување на единството на македонската дијаспора
3. ….

Меѓу останатото за дејствувањето на оваа невладина организација ОМД стои и следново

1. Поддршка за Република Македонија во спорот со името
2.

Ако внимателно ги анализираме целите и дејствувањето на ОМД сакале или не се поставува прашањето како и на кој начин оваа здружение со влегување во меѓу-партиските борби и политиката во Р Македонија ќе помогне или ќе се бори за правата и единството на Македонците? Дали со одработување на агенди кои Македонија сакат да ја претворат во федерација или со активна поддршка на страните и политичките групации кои јавно се заложуваат за компромис околу прашањето со името наметнато од страна на јужниот сосед? Не, не се бара одговор, ова е повеќе реторичко прашање, сите ние го знаеме одговорот и ние овде во Македонија и вие надвор од Македонија, прашањето е што правиме за ваквите лица ги спречиме во нивното разнебитување на Македонија!
А сега за оние делови од овој јавен повик за кој тврдам дека е обичен пропаганден памфлет!
Во точката 1. повикуваат на медијатори, знаат ли овие што значи медијатори, дека тоа подразбира дека Македонија е обичен протекторат не неформален како што е сега туку бараат формализирање на протекторатот! Ваква небулоза не би коментирал, коментирајте ја вие!
Во точката 2. се напаѓа претседателот на Македонија Иванов, па да разјасниме. Никој во Македонија не подржува аболиција од принципиелни причини кои го нарушуваат принципот на еднаквост, НО, НО, НО, што правиме со елементите на кризата (пред се безбедносни) кои се закануваат да го доведат опстанокот на Македонија во прашање, па верувајте дека е помало зло неколку криминалци да се шетаат по улици затоа што по смирување на кризата можеме секогаш тие криминалци да ги изведеме пред лицето на правдата, НО што ќе правиме ако ја изгубиме државата? Дали овие од ОМД или … знаете дека намерно се чува еден огромен број на бегалци на јужната граница кои се закана, и дека се во план за употреба против Македонија, па зошто тогаш ОМД заговара вакво сценарио и во чија полза?
Во точка 3. се заговара одлагање на избори, па дали е ова точно што го читам, зарем е можно оваа? Па нели изборите се највисок степен на демократија, ако не се изборите тогаш што е? И да разјасниме, избори се неопходни секогаш кога политичките субјекти не можат во и низ политичка борба низ институциите да ги разрешат недоразбирањата, затоа како единствено демократско решение се изборите, а ОМД бара нивно одложување, па добро што ви е, на што сте? Никогаш повторувам НИКОГАШ избирачкиот список, состојба во медиуми или нешто друго не се услов за одржување на ИЗБОРИ туку тоа секогаш е политичка криза!!!
Мислев да ја анализирам секоја точка ама се изнервирав, а и сметам дека нема потреба, секој кој ја користи својата глава може да дојде до истите заклучоци. Единствено што можам е да ве потсетам зошто членувате во вакво здружение, размислете па одлучете сами дали и понатаму ќе членувате, дали раководството на ОМД ги изразува вашите очекувања. Дали и понатаму ќе продолжите со донирање и финансирање како и членување во ОМД е ваш избор на кој имате право, но и последиците од таквиот чин се повторно Ваши!

оработка DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »