МЕСЕЧЕВА ДИЕТА 2016


Lifestyle » ДИЕТИ
објавено: 2009 год.  |  дополнето: 2016 год.

ДИЕТА ИЛИ ПОСТ

Месечева Диета

Запознајте што претставува популарната месечева диета и кога можете да ја практикувате во текот на 2016 година.
“Месечевата диета“ е добро познат метод за кој се вели дека врши детоксикација на организмот и поттикнува да се губат – до 3 kg телесна тежина на ден!

Месечева Диета 2016 Месечевата диета во последно време е една од најпопуларните диети и за неа доста се зборува. Покрај што ги намалува вишокот од килограми и го чисти организмот од токсини, оваа диета се базира на само едно правило: не е дозволено да се зема храна 24 часа од првиот час на промената од лунарната фаза. Поточно тоа е пост кој започнува во точно одреден час, во време на Месечевата мена и промена на магнетното поле на земјата (во времетраење од 24 часа).
ДИЕТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛНА И МЛАДА МЕСЕЧИНА
Слабеењето во периодот помеѓу третата фаза и младиот месец е многу полесно, може да се рече некако природно, па и целиот труд на симнување на килограмите е олеснет. Токму поради оваа во овие месечеви мени и се препорачува постот. За време на полната Месечина телото (организмот) највоочливо ја користи и преработува храната, а за време на младата Месечина најдобро се ослободува од масните наслаги и разните токсини.


Во текот на денот би требало да испиете најмалку 2, а може и до 4 литри течности (препорачливо е тоа да биде вода, никако засладени чаеви или газирани пијалоци). Може да се пијат и овошни сокови, но само природни, без никакви додатоци, додека алкохолните и млечните пијалоци се забранети.

Оваа диета не е препорачлива за симнување на преголеми тежини (телесна маса), но секако е за правилно одржување и јакнење на организмот, како и подигање на одбранбените способности на организмот.
УПАТСТВО
Обрнете малку внимание на себе и пробајте го следново: Кога месечината се намалува, јадете храна која инаку редовно ја консумирате и на која сте навикнати. Во тоа време на телото не се ‘лепи’ храната како кога Месечината се наоѓа во диеталка некоја од другите фази. Кога месечината расте, јадете помалку од вообичаеното, или земајте помали количини на храна на која сте навикнати. Кога месечината е млада или New Moon, еден ден задолжително одредете се за ‘пост’. За време на полната месечина, телото највоочливо ја користи и преработува храната, а за време на младата месечина, најлесно и најдобро се ослободува од маснотиите и различните токсини.

Без радикални потфати и на многу едноставен и скоро неприметен начин, по неколку месеци може да стекнете многу корисно животно искуство кое ќе ве исполни со позитивно расположение, поголема самодоверба и задоволство како последица на подобрената психофизичка состојба. При тоа може успешно да се ослободите барем од оној критичен дел на вишок од килограми, без било какви маки и штетни последици по организмот.

Инаку, ако се одлучите да ‘постите’ еден ден за време на младата месечина, познато е дека на на таков начин може да спречите и појава на разноразни болести. Поточно, во тоа време подготвеноста на организмот, да се ослободи од наталожените отрови и штетни состојки, е многу поголема од вообиченото.

Врз основа на досегашните резултати – кога се работи за одвикнување од пушење или алкохол, од прекумерност во храната или консумирање на преголеми количини на кафе – се покажа дека изгледите за успех се многу подобри (поголеми) во оваа фаза на месечева мена отколку поинаку.
Во фазата на младиот месец, сите овие ‘губитоци’ многу полесно се поднесуваат.
ПОВРЗАНОСТ НА МЕСЕЧИНАТА И СЛАБЕЕЊЕТО
Месечината има слично влијание на телесните течности какво што има на плимата и осеката. Поточно, за време на месечевите мени доаѓа до засилено излачување на течности кои организмот инаку ги задржува поради разни причини, во прв ред лошиот начин на исхрана. Поради тоа килограмите побрзо се губат без било какви штетни последици.
Во деновите по третата четвртина Месечината и овозможува на телесната енергија побрзо да тече и полесно да се ослободува со што телото го прави повеќе подвижно и поактивно. Таквото влијание на Месечината воедно е и причина зошто баш во деновите на третата четвртина несоницата се појавува почесто отколку во некои други периоди-фази.
месечеви мени

МЕСЕЧЕВИ МЕНИ
Млада Месечина – кога месечината се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето, гледано од Земјата, тој е ‘невидлив’. Во календарот се прикажува со затемнет круг.
Прва четвртина – кога оската Месечина-Земја формира прав агол со оската Земја-Сонце. Прва четвртина или полумесечина настапува 6 дена по новата Месечина. Во календарот е прикажан како круг чија лева половина е затемнета (засенчена).
Полна Месечина – Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината која е потполно осветлена со сончева светлина. Полната Месечина е прикажана со незатемнет (незасенчен) круг.
Последна четвртина – положба на планетите е како и во првата четвртина, но сега е видлива левата страна на месечината. Во календарот е прикажана како круг чија десна половина е затемнета (засенчена).


Еве ги и датумите за 2016. година за да не мора да ја следите месечината секој ден. (за Македонија)

Млада Месечина
icon  New Moon
Прва Четвртина
icon  First Quarter
Полна Месечина
icon  Full Moon
Последна четвртина
icon  Last Quarter
06:31h
02.01.2016.
02:31 h
10.01.2016.
00:27 h
17.01.2016.
02:46 h
24.01.2016.
04:29 h
01.02.2016.
15:40 h
08.02.2016.
08:47 h
15.02.2016.
19:20 h
22.02.2016.
00:12 h
02.03.2016.
02:55 h
09.03.2016.
18:04 h
15.03.2016.
13:01 h
23.03.2016.
17:18 h
31.03.2016.
13:25 h
07.04.2016.
06:00 h
14.04.2016.
07:25 h
22.04.2016.
05:30 h
30.04.2016.
21:31
06.05.2016.
19:03
13.05.2016.
23:16
21.05.2016.
14:13
29.05.2016.
05:01 h
05.06.2016.
10:10 h
12.06.2016.
13:04 h
20.06.2016.
20:20 h
27.06.2016.
13:03 h
04.07.2016.
02:52 h
12.07.2016.
00:59 h
20.07.2016.
01:02 h
27.07.2016.
22:46 h
02.08.2016.
20:22 h
10.08.2016.
11:29 h
18.08.2016.
05:44 h
25.08.2016.
11:04 h
01.09.2016.
13:50 h
09.09.2016.
21:07 h
16.09.2016.
11:59 h
23.09.2016.
02:13 h
01.10.2016.
06:35 h
09.10.2016.
06:25 h
16.10.2016.
21:16 h
22.10.2016.
18:39 h
30.10.2016.
20:52 h
07.11.2016.
14:53 h
14.11.2016.
09:34 h
21.11.2016.
13:19 h
29.11.2016.
10:03 h
07.12.2016.
01:06 h
14.12.2016.
02:56 h
21.12.2016.
07:54 h
29.12.2016.
2016 Lunar Phases — Gevgelija (Europe/Skopje) Time

Внесените податоци во горната табела можете да ги проверите ОВДЕ или ОВДЕ.

: : ВАЖНА НАПОМЕНА:
месечева диета 2009 Диетите кои ги пренесуваме се дел од “народните преданија”. Не е препорачливо користење на ниту еден вид диета без претходна консултација со лекар. Диетите ги пренесуваме со најдобри намери и затоа не се сметаме за одговорни за неуспехот на истите, нивните можности за штетноста по здравјето како ниту за други последици кои примената може да ги предизвика, па затоа и спроведувањето на оваа диета го превземате на сопствена одговорност.

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »