Не ми треба велосипед или компјутер, јас сакам само кози

Јасмин Хачкиќ -Желби
Јасмин Хачкиќ -Исполни ми Желба

објавено на 15.02.2016.г: Хајат телевизија

ИСПОЛНИ МИ ЖЕЛБА

Момче (16): Не ми треба велосипед или компјутер, јас сакам само кози

ОД НИВ ИМАМ ПРИДОБИВКИ: Јасмин, кој со неговото осумчлено семејство живеат во колективен центар Плана и не сака ништо друго освен уште една коза, бидејќи од нив, вели тој, имаат корист – тие ги хранат

Момчето Јасмин Хачкиќ од колективниот центар Плана во Ступари, БиХ ја засрами цела своја генерација. Тој не сака велосипед, ниту компјутер, нема мобилен телефон. Неговата единствена желба е да се добие уште некоја коза.

Тој веќе има две кози и јариња за кои самиот се грижи, бидејќи сака животни, а од нив се прехранува неговото осумчлено семејство.

Додека други сонуваат велосипед, Тој сака кози:
ШЕСНАЕСТГОДИШНИК ВО ГОЛА БОРБА ЗА ЖИВОТ

– Што ќе ми е велосипед. Од него немам никаква корист (ништо не добивам) – и рече на новинарската екипа на тимот Хајат (Hayat) телевизија, која дојде на неговото семејство за да им исполни скромни желби.

Од козите, вели Јасмин, имам појадок – млеко и леб, го имаат тој неговата сестра и четирите браќа.

– Со животните имам што да јадам денес. А што ќе ми е велосипед, компјутер, телефон …

Ги сакам своите животни и ги чувам и хранам за да се прехранам – вели 16-годишниот Јасмин кој ја расплача новинарката, па таа му вети дека ќе му подари една коза.

Скромните желби на Јасмин ги допреа срцата на многумина и многу од нив веднаш одговорија за да помогнат на неговото семејство, па така тој веќе има добиено неколку кози и јариња, а и за неговото семејство се собраа прехранбени производи, пари и училиштен прибор за него, неговите браќа и сестра.

подготвил: DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »