Писмо од Тито

Писмо од Тито
Писмо од Тито
НАША ДЕМОКРАТСКА ПОРАКА ДО ТИТО!!!!!

Некогаш гордо пеевме…
Друже Тито ми ти се кунемо!
Денес оваа истата песна можеме да ја пееме гордо со полно срце и задоволни сами од себе, само малку изменето…
Друже Тито ми ти се кољемо!
Автор: Jimmy 077 објавено во 6yka.com, 19.08.2016.

Писмо од Тито

Драги мои Југословени, слушам ме мразите.
И тоа од дното на душата. Ме мразите и се по список ми пцуете. Велите сум бил диктатор, дека сум ја загушувал слободата, дека сум ставал во затвор невини, дека сум наредил убиствата на многумина. Да додека бев на чело на ФНРЈ и СФРЈ сум ги задолжил вашите деца, вашите внуци и правнуци. Дека сум против слободата на изразување на верата. Дека сум направил општество на привилегирани и дека народот бил жеден за сè.
Јосип Броз Тито

Јосип Броз Тито

Е па мразете ме, се надевам дека ќе ме мразите секој ден се повеќе. Заборавивте дека станав претседател на земја, која беше уште во феудална ера, која речиси и да немаше фабрики, дека процентот на неписменост беше многу висок, болестите кои веќе долго време беа искоренети во Европа се уште беснееја низ целиот Балкан. Ќе заборавите или веќе заборавивте колку километри на железнички пруги, автопатишта и патишта се направени кога бев “диктатор”. Колку болници се изградени, училишта и универзитети. Колку само фабрики направивме, каква одбранбена индустрија имавме. Колку само работнички одморалишта имавме, на море ама и на копно. Вашите деца имале добро училиште, вашиот пасош беше ценет.

Да, признавам, бев диктатор. Не им дозволив на Русите и Американците да серат по вашите глави. Точно е, јас бев диктатор, не сакав да слушнам дека некој може да биде гладен. Наредував, и повторно би, да секој работник добива стан од неговата компанија. Наредував и повторно би наредил, да секое работничко семејство има право на одмор на море. Признавам, мразев заостанатост и го користев својот диктаторски авторитет за да секое дете мора да оди во основно училиште а кој сака може и во средно и на бесплатен факултет. Лечењето на Воено-медицинската академија во Љубљана, Загреб и Белград беше достапно за сите и беше бесплатно.

Ме мразите затоа што апсев и праќав на Голи Оток. Ќе ме мразите уште повеќе кога ќе ви кажам дека јас тоа повторно би го правел само за да обезбедам мирен сон на секое дете во мојата диктатура. А во тоа и успеав. Кој си ја вршеше работата, не одеше на Голи Оток. Кој правеше глупости, се обидуваше да ја поткопа младата држава, креираше планови за формирање на советска република, или некоја американска квази-демократија, тој имаше бесплатен билет за Голи Оток.

Ме мразите затоа што сум наредил убиства на квислинзи и предавници во 1945 година.

Па, што требаше да направам? Да ги амнестирам, а тие четири години колеле невини луѓе. Велите дека сум наредил убиства на некои свештеници, имами и проповедници? А не ви падна на памет дека останале во животот повеќе од 99%, или дека сум наредил (и повторно би наредил) да бидат погубени само оние кои благословувале колежи. Заборавате дека не сум забранил да се градат и цркви и џамии.

Кме, кмее Тито бил диктатор, тој не дозволи развој на демократијата! Па мајка ви ваша, се ви дадов! Не се викаа оваа или онаа партија ама сте имале ССМ, СК, синдикати, работнички совети, СУБНОР, ги имавте сите можности да се однесувате демократски и да практикувате демократски процеси. Божем ви пречело дека не можело да се напредува ако не си член на партијата! Па мајка ви ваша, како сега напредувате во тие ваши држави? Да не се можеби независни интелектуалци!?

Ма знаете што, длабоко ме разочаравте. Се ви дадов и што направивте вие тогаш? Се разебавте! Каде се сега тие училишта и фабрики, каде се универзитетите? Која е стапката на раѓање? Растете или паѓате? Среќни сте или сте несреќни? Лето е, ќе одите ли на море? Ќе можете ли со своите пари или можеби на кредит? Чии се банките? Чија е храната што ја јадете, дали е увезена или домашна? Имате ли за зимница? Се сеќавате ли на моите зимници, секоја година, а? Кој е кум на вашето дете? Дали е сосед и пријател од друга нација или тоа повеќе го нема? Каде се вашите деца со вас или побегнале во странство, да ги бришат задниците на Германците? Може ли да се живее од пензија или сите се молат на Бога да умрат пред да се пензионираат, само да не страдате и да не ги мачите вашите деца?

Тито и Хрушчов во Скопје веднаш по земјотресот 1963г.

Тито и Хрушчов во Скопје веднаш по земјотресот 1963г.

Будали едни!
Што ви зборував – чувајте го братството и единството. Мислите дека тоа јас само така го говорев?

Јадни будали! Сега германците и французите ви подметнуваат приказна за европска унија! А вие пушите се што ќе ви речат! Па имавте унија посилна од европската со војска, полиција, банки, минимален увоз, чист воздух и домашна храна, бесплатно образование и здравство. А сега ќе добиете нивна армија и полиција, нивни банки да ве ограбат, заборавете на чист воздух и вода, ќе одите кај нив да им служите а домашно ќе јадете само гомна.

А тоа и сте заслужиле.

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »