Предупредување за конфликт на САД со Русија


објавено: Среда, 1 Јуни 2016 |   http://thesaker.ru  |  http://cluborlov.blogspot.com  |  http://thesaker.is

ИНФО
Свесни за опасноста за опстанокот на човештвото Руските интелектуалци кои живеат и работат во САД се обратија со отворено писмо до американката јавност!!!
Evgenia Gurevich, Ph.D. http://thesaker.ru
Victor Katsap, Ph.D. Sr.Scientist NuFlare Technolgy America, Inc.
Dimitry Orlov, http://cluborlov.blogspot.com
The Saker (A. Raevsky) http://thesaker.is

DLM

Отворено писмо на Руски интелектуалци кои живеат во Америка – до американската јавност

Руските интелектуалци кои живеат и работат во САД, ја предупредуваат американската јавност на ОПАСНОСТ од американска конфронтација со Русија. РУСИЈА може да биде предизвикана за еден час да ги избрише САД и да ги претвори во пустара

Ние, долупотпишаните – Руси, кои живееме и работиме во САД. Со се загриженост ја набљудуваме актуелната политика на американска администрација и НАТО која не става во крајно опасна колизија со Руската Федерација, како и со Кина. Многу почитувани, патриоти Американците како што се Пол Крег Робертс (Paul Craig Roberts), Стивен Коен (Stephen Cohen), Филип Гиралди (Philip Giraldi), Реј Мекговерн (Ray McGovern), и многу други, предупредуваат на опасност од трета светска војна . Сепак, нивните гласови се губат во неточни и пропагандни приказни на медиумите, според кои руската економија се распаѓа, а руските вооружени сили како слаби и сето тоа без аргументи. Но, ние ја знаеме руската историја и моменталната состојба на руското општество и руските вооружени сили и не можеме да ги проголтаме сите тие лаги. Ние сметаме дека е наша должност како руси кои живеат во САД да го предупреди американскиот народ дека тие го лажат, дека онаа што им се кажува не е вистина. А вистината е оваа:

Ако има војна со Русија, во тој случај САД сосема сигурно ќе бидат уништени, а повеќето од нас ќе умрат.

Да се вратиме чекор назад и сето оваа го ставиме во историски контекст. Русија претрпе многу од странските освојувачи, загубила 22 милиони луѓе во Големата патриотска војна. Најголемиот број од убиените биле цивилни жртви, затоа што земјата била окупирана и Русите се заколнале дека таква катастрофа нема никогаш да им се случи повторно. Секој пат кога Русија била нападната излегувала како победник. Во 1812 година, Наполеон ја нападна Русија – а во 1814 година Руската коњица дојде во Париз. 22 Јули 1941, Хитлеровите воздухопловни сили Luftwaffe го бомбардираа Киев – а 8 мај 1945 година, Црвената армија влезе во Берлин.

Но, оттогаш времињата се изменија. Ако Хитлер би ја нападнал Русија денес, тој би бил мртов 20-30 минути подоцна,-. Неговиот бункер би бил претворен во огнени фрагменти од удари на суперсонични крстосувачки ракети “Калибар”, лансиран од некој мал Руски воен брод некаде во Балтичкото Море. Оперативните капацитети на новите руските вооружени сили многу уверливо беа демонстрирани за време на неодамнешните акции против ИДИЛ, Ал-Нусра и други странски терористички групи, кои оперираат во Сирија (забранети на територијата на Руската Федерација). Пред многу години, Русија мораше да одговори на провокациите борејќи се на сопствената територија, и тогаш настапуваше контраофанзива. Но тоа денес веќе е не е потребно. Новото оружје кое го поседува Русија и овозможува да возврати веднаш, дискретно, незадржливо и крајно смртоносно.

2016 - што не очекува

Така, ако утре би избувнала војна меѓу САД и Русија, може да се претпостави дека САД ќе бидат уништени. Во најмала рака, веќе нема да има струја, интернет, нафтоводи и гасоводи, мрежа на федерални автопати, воздушен транспорт и сателитската навигација. Финансиски центри ќе бидат уништени. Државната администрација на сите нивоа би престанала да работи. Американската војска стационирана во целиот свет, повеќе нема да биде сериозна сила. А како максимум, целата територија на САД, ќе биде покриена со слој на радиоактивни пепел. Ние ви велиме дека тоа не е и не треба да биде цел туку аларм, затоа што, врз основа на сето она што ни е познато, ние сме вознемирени. Ако Русија биде нападната, таа нема да се повлече, таа ќе возврати и ќе се бори, се додека целосно не го уништи САД.

Американски официјални лица сторија сé што можат за да се донесе ситуацијата на работ на катастрофа. Најнапред нивната анти-руската политика го увери руското раководство дека е залудно да се прават отстапки и да се преговара со Западот е бескорисно. Стана јасно дека Западот секогаш ќе ги поддржува било кој поединец, или движење во една држава ако е анти-руско, без разлика дали работи за руски олигарси кои избегнуваат даноци, или осудени украински воени злосторници, или од Саудијците финансирани вахабисти терористи во Чеченија или хулиганство(сквернавење) од панкери цркви во Москва. Сега НАТО ги повредува сите претходни договори (преземени при распуштањето на ВУ) и продолжува да се шири кон руската граница, со распоредување на војници во балтичките земји и на дофат на артилеријата е вториот по големина Руски град Санкт Петербург. Русија веќе нема каде да се повлече. Русите нема да нападнат, но нема ниту да се повлечат. Активностите на руското водство се одобрува од 80% населението, и останатите 20% веројатно чувствуваат дека тоа е премногу попустливо во однос на нападите од запад. Но, Русија ќе одговори. Обична провокација или едноставна грешка може да предизвика синџир на настани, кои на крајот ќе заврши со милиони мртви Американци и претворање САД во урнатини.

За разлика од многу Американци, на кои војната им е возбудлива и авантура во странство, Русите ја мразат војната и се плашат од неа. Но, тие се и подготвени за неа, и веќе повеќе години се подготвуваат неа. Нивната обука е многу ефикасна. За разлика од САД, која се расфрла со милијарди на сомнителни, претерано скапи војни програми како што е Ф-35, русите се многу штедливи со своите одбранбени рубли, и за истиот износ постигнуваат резултати десет пати подобри од надуената воената индустрија на САД. Руската економија несомнено е под влијание од страна на ниските цени на енергијата, но таа е далеку од колапс, а во наредната година се очекува раст. Сенаторот Џон Мекејн (John McCain) еднаш ја нарече Русија “бензинска пумпа маскирана како држава”. Тој лажеше. Да, Русија е најголемиот производител на нафта во светот и втор најголем извозник, но таа е, исто така и најголемиот извозник на жито, и нуклеарната енергија. Русија е напредна и високо развиено општество како што е САД. Руските вооружени сили и нуклеарни и конвенционални, се подготвени да се борат, и повеќе од доволно во споредба со силите на САД и НАТО, особено ако избувне војна било каде во близина на Руската граница.

Но, оваа битка ќе биде самоубиство за сите страни. Ние сме сосема сигурни дека обична војна во Европа со голема веројатност за брзо време ќе се претвори во нуклеарна, и дека секој нуклеарен напад на руска територија од страна на САД и НАТО автоматски ќе предизвика одмазда од страна на Русија на територијата на САД. Спротивно на неодговорните изјави од некои американски пропагандисти, американскиот ракетен одбранбен систем не е во можност да го заштити американскиот народ од нуклеарен напад од страна на Русија. Русија е способна за удари по цели во САД како со атомско така и со конвенционално оружје со долг дострел.

Единствената причина зошто САД и Русија се најдоа во ваква конфликтна ситуација која може да доведе до судир, наместо да преку соработка ја напнатоста во врска меѓународни проблеми, е тврдоглавото одбивање на раководството на САД да ја прифати Русија како рамноправен партнер. Вашингтон смртно се фиксира на идејата да биде “светски лидер” и “ексклузивна нација”, додека во серија се намалува влијанието по лошата надворешна политика и воените порази, како што се Ирак, Авганистан, Либија, Сирија, Јемен, Украина. Непрекинатото глобално раководење на САД во светот е нешто со кое ниту Русија, ниту Кина, ниту поголемиот дел од другите земји не може да го прифати. Ова постепено и системско губење на моќта и влијанието ја доведува владата на САД до хистерија, и поради хистерична состојба само еден мал чекор е до самоубиство. Над американското лидерство треба да се воспостави надзор, со цел да се спречи самоубиство.

Прво и најважно ние апелираме до командантите на вооружените сили на САД да го следат примерот на адмиралот Вилијам Фалон (William Fallon), кој кога го прашале за војна со Иран, според зборовите на оние кои биле присутни, изјавил “Не под моја команда“. Знаеме дека вам не ви е до самоубиство, и дека не сакате да умрете во чест на неоконот кој е вон контрола. Ако е можно, ве молиме речете му на својот штаб, колеги, а особено на вашето цивилното раководство, дека во вашиот мандат ќе војна со Русија нема да се дозволи. И во краен случај, ве молиме, и ако ќе дојде денот да добиете таква самоубиствена наредба, да ја одбиете да ја извршите затоа што е криминална. Сетете се дека, во согласност со Меѓународниот суд во Нирнберг “Започната агресивна војна … не е само меѓународен злочин, тоа е најголемо меѓународно злосторство, кој од другите воени злосторства се разликува во тоа што во себе акумулирани ги содржи сите зла како целина”. Од тогаш, фразата “Јас само ги извршував наредбите” не е призната како одбрана. Ве молиме да бидете воени злосторници.

Ние апелираме до американскиот народ да започне мирна но ефективна акција за да се спротивстави на било кој политичар или политичка партија, која се впушта во неодговорна, провокативна акција против Русија, и која претставува или подржува на конфронтација со нуклеарна суперсила, која има моќ да ја уништи може Америка за еден час. Зборете, пробивајте се низ ѕидот на медиумската пропаганда и направете своите сограѓани да станат свесни за огромната опасност од судир меѓу Русија и САД.

Не постои објективна причина САД и Русија да се едни на други непријатели. Сегашната конфронтација е резултат на екстремистички гледишта на неоконзервативни култ на чии следбеници им беше дозволено да се инфилтрираат во федералната влада на претседателот Бил Клинтон, а кои сметат дека било земја ако го одбива диктатот е непријател кој мора да се уништи. Заради нивните неуморни дејствувања веќе повеќе од еден милион луѓе загинаа во поранешна Југославија, Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Пакистан, Украина, Јемен, Сомалија и многу други земји, само и единствено поради нивната манична фиксација на идејата дека САД треба да бидат светска империја, а не само обична и нормална земја. Се само затоа да секој национален лидер е должен да се поклони пред нив, или ќе биде симнат од власт. Со Русија, оваа незадржлива сила конечно се налета на ѕид. Затоа е потребно да се принуди да се повлече пред сите да не уништи.

Ние сме апсолутно и категорично уверени дека Русија никогаш нема да го нападне САД или било која од земјите-членки на ЕУ. Русија не е заинтересирана за создавање на Советскиот Сојуз, и дека не постои “руска закана” или “руска агресија”. Токму најголемиот економски успех на Русија во последниве години главно се должи на напуштање на поранешните Советски зависности, дозволувајќи и на Русија да ги следи своите интереси. Но, ние сме сосема сигурни дека ако Русија биде нападната, или дури и ако само и се заканува напад, дека нема да се повлече и дека нема да се колеба. Со длабока тага и тешко срце, ќе остане верна на заклетвата, и ќе започне нуклеарни плотуни од кои САД никогаш нема да закрепне. Дури и ако целото руско раководство биде убиено во првиот удар, т.н. “DEAD HAND Мртва Рака” (систем “ПЕРИМЕТАР”) автоматски ќе лансира доволно нуклеарно оружје за да ги избрише САД од политичката карта на светот.

Сметаме дека е наша должност да направиме се што е во наша моќ за да се спречи таква катастрофа.


врска: Evgenia Gurevich, Ph.D. http://thesaker.ru
врска: Victor Katsap, Ph.D. Sr.Scientist NuFlare Technolgy America, Inc.
врска: Dimitry Orlov, http://cluborlov.blogspot.com
врска: The Saker (A. Raevsky) http://thesaker.is

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »