Стратешки пораз на американско-израелската политика на Блискиот Исток

Стратешки пораз на американско-израелската политика на Блискиот Исток
Стратешки пораз на американско-израелската политика на Блискиот Исток

преземено: vistini.com


Не постојат западни сојузници постојат само западни интереси!


Блиски Исток – во кратко

Безбедносната архитектура на Блискиот Исток ја разбранува американската инвазија на Ирак во 2003 година со уривање на сунитскиот режим, кој беше брана за иранското влијание. Садам беше слаб и никому не беше закана што се однесува до околните држави, но сеедно, сепак Иран не би се осмелил да го нападне Ирак без причина, и таквата моменталната состојба би се одржувала и понатаму.

Лудите американци, покрај тоа што сакаа да имаат корист од ирачката нафта, планира и да направат про-западна држава од Ирак и со тоа уште еден американски играч на Блискиот Исток.

На хартија се изгледаше одлично, Ирак има стандарди за БИ, образована популација, богат е со нафта, но и со вода, што е реткост на БИ (кога имаш нафта и вода имаш се). Има добра стратешка позиција, граничи со Турција, Сирија, Јордан, Саудиска Арабија, Иран …

Меѓутоа (очекувано, веројатно, за сите освен за американците) ирачките шиити наместо про-американската демократија и западен просперитет ја избраа про-иранската теократија, со што го доведоа Иран во можност да го шири влијанието во новиот Ирак па се до Медитеранот и да ги загрози постоечките американски сојузници Израел и Кралство Саудиска Арабија (КСА).

Сега иранската оска Техеран-Багдад-Дамаск-Хезболах може да го загрози југот на Израел и проамериканските монархии во Заливот. За да воспостави рамнотежа на силите САД настојуваа да изградат моќен и доверлив прозападен Курдистан на северната шиитска оска, но и бунтување на сунитите преку помалку сигурни ама корисни идиоти во форма на исламистички групи кои ќе бидат коска во грлото во шиитската полумесечина. Но, кога се Курдите во прашање проблем е Турција.

Само да го оставеа на мира сунитскиот режим на Садам Хусеин во Ирак и денес тие не би имале проблем. Неверојатни промашувања на политиката на САД („западот“), непромислено со уривањето на Садам доведоа до загрозување на своите сојузници Израел и Кралство Саудиска Арабија (КСА). Сега се обидуваат да воспостават рамнотежа на силите на БИ (Блискиот Исток) преку Курдите и на тој начин ги рушат односите со Турција.

Да, и покрај сите промашувања на американската политика, САД повторно на некој начин би успеале да се закрпат ако во меѓувреме Русија не зајакнеше повторно и тргна отворено да им ги помати сметките на БИ.
Па така на Русија и возвратија преку Украинаама не им се дават Русите толку лесно.


Се започнува така што прво ти го бришат минатото а потоа немаш ни иднина!!!


Стратешки пораз на американско-израелската политика
на Блискиот Исток

САД и Израел имаат ускладена политика. Сериозно сметаа на курдскиот ентитет/пара-држава (во иднина можеби и држава) како на сигурен играч кој по потреба би им послужил за протресување на оската на Техеран-Багдад-Дамаск-Бејрут (Хезболах), под услов сите други пречки помеѓу нив да не успеат (а ИДИЛ порано или подоцна, ќе исчезне). А ако е потребно може да ја протресат и не-послушната Турција која под Ердоган во голема мера се оттргна од контрола и флертуваше со Руско-Кинескиот СЦО итн. наместо да остане цврст војник на запад.

На почетокот САД почна внимателно со поддршка на Курдите, да не ја налути Турција, и тоа првенствено со огромна хуманитарна западна пропаганда, во случајот на Кобане. Подоцна, турската армија собори руски авион (како што денес во Анкара тврдат без знаење на Ердоган, а одговорни за тоа во армијата се поддржувачите на Ѓулен што значи блиски на САД), така што непослушната Турција која балансираше помеѓу Западот и Истокот ја закрват со Исток (Русија) а потоа на Турција западот (САД), ќе и остане како единствениот можен избор.

Како реакција на тоа, Русија целосно ја изолира Турција надвор од Сирија, но Путин мудро не го ескалираше конфликтот, како што посакуваше САД. Но, сеуште им одговараше на САД, бидејќи тие и понатаму можеа без проблеми да продолжат да ги поддржуваат Курдите во создавањето на Курдистан, кој е стратешки во американско-израелски интерес, додека пак Турција сето ова може само беспомошно од страна да го гледа поради Русија (буквално, рускиот S -400 го заштитуваше американскиот проект Курдистан). Добра позиција за Америка, бидејќи Турција (поради Русија!) не може да ги расипе сметките со Курдите.

Меѓутоа во меѓувреме доаѓа до воен удар во Турција, а и сосема е веројатно дека Американците ако ништо друго тогаш барем сигурно знаеле што се случува но истото премолчено го поддржаа, а можеби дури и охрабрувале на државен удар. Значајно е тоа што за време на превратот Ердоган се крие во Техеран, а информациите во врска со воениот преврат го добил од Москва. Сега работите стануваат лични за Ердоган затоа што ако државниот удар беше успешен тој многу веројатно ќе ја доживееше судбината на Садам/Гадафи/Мубарак, и не само тој туку и неговото семејство Ердоган (династијата Ердоган). За време на воениот преврат, Ердоган неизбежно се зближува со Русите и Иранците, се обновуваат врските и односите. И тоа трио се договара да се ослободи од курдистанското прашање што е (како американска интересна сфера) закана за сите нив. За возврат, Ердоган се откажа и од онака неуспешната нео-османаска пенетрација на југ (илузија која можеби беше поттикната од страна на Американците во почетокот на Арапската пролет за да се придобие Ердоган за своите цели) како и поддршка против анти-Асад исламистите, но затоа ќе добие нешто што е од витално значење за Турција, му ги дадоа (про-американските) Курди на послужавникот (или во превод С-400 повеќе не ги штити американските интереси во однос на Курдите). Очигледно е дека Турција не побара дозвола од САД за овој упад во Сирија, ни и да побарала тоа е исто, затоа што Америка лично и сериозно му се замери на Ердоган.

Бидејќи, како што е видливо САД и Израел имаат планови за Курдистан и ако кон Курдите интервенира Техеран или Багдад или Дамаск, па дури и Москва, Американците ќе ги заштитат своите сојузници. На САД многу полесно му е да бомбардира од воздух некои сириски, ирачки или ирански тенкови кои би го загрозиле нивниот сојузник Курдите/Курдистан, но што кога таквата закана е од НАТО сојузник/Турски тенкови? Кога на Курдите напаѓа Ердоган кој воедно исто така има и лични сметки со Америка поради воениот преврат (доволно да им се одмазди на било кој начин) и е сојузник во НАТО? Во овој случај, Америка мора или буквално да отпочне војна со Турција (имајќи ги во предвид сите сериозни последици на ваков чин) или да им го сврти грбот на Курдите.

Конечно, Русија маестрално го одигра оваа со Ердоган, и сега во Москва, Дамаск, Техеран и Багдад може да си испечат пуканки и да гледаат како лутите Турците ќе го растурат американскиот сојузник, а САД може да си ги кубе косата. Убава шлаканица на САД. Ердоган им удира по сојузниците, а тие уште мора и да му се насмевнуваат.

Курдите не може да се обвинуваат, затоа што ако ви дојдат Америка и Израел и ви речат дека ти си нивен играч и дека нивните интереси се совпаѓаат со твоите, па кој би можел тоа да го отфрли? Силен курдски ентитет на тоа подрачје е од стратешки интерес за САД и Израел, бидејќи немаат друг сигурен и доверлив играч на долг рок (сигурно нема на долгорочна основа да градат силен Нусра или ИДИЛ ентитет, колку и да им се тие во моментов корисни будали). Без Курдите на долг рок не постои сигурна бариера која може да го загрози оската од Техеран до Бејрут. Силен Курдистан како американско-израелски сојузник би бил постојана закана и притисок врз шиитската полумесечина, и со тоа самата Америка и Израел не мора премногу да си ги валкаат рацете. Сепак следствено на околностите, Русија и Иран го зграпчија единствениот можен начин како да ги растурат Курдите, а во исто време САД и Израел да не можат ништо да сторат.

Договорот помеѓу Русија, Иран и Турција и газењето на Курдистан од страна на Турција е можен стратешки пресврт на конфликтот во Ирак и Сирија, и воедно стратешки пораз на американско-израелската политика.

Кралството Саудиска Арабија и Катар и така никој ништо не ги прашува освен за парите. Египет стои настрана и всушност го поддржува Асад. На потез се Американците, но ако сакат нешто да постигнат нешто, ќе треба самите да ги засукаат ракавите, или пак може да седат со скрстени раце и да гледаат како влијанието на Иран се проширува од заливот до Медитеранот без можност за да бидат загрозени од било какви про-американски курдски прокси сили.

Прашањето е до кој степен Турција ќе ја намали помошта на исламистите во Алеп и Идлиб, и до кој мерка ќе се прегази Ројава. Поради егото на Ердоган, се нешто може да се случи. Уште поголемо прашање е како САД ќе реагира на сето тоа, сигурно нема само така да набљудува како им се уништуваат сите вложени напори во однос на Сирија и Ирак во последните 5-6 години.

извор:   Анонимус   Интернет   Анонимус   Интернет   Анонимус   :ровзи

DLM

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »