Трговија со Органи

РАЗОТКРИВАЊЕ НА АМЕРИКАНСКАТА (ЗАПАДНАТА) ИМПЕРИЈА

ИНФО
Превод на овој текст е поттикнат од се повеќе бескрупулозната трка кај повеќето за профит, пари и други материјални и нематеријални задоволства. Се плашам дека од силната трка за тие „убавини“ дека не сте свесни за тоа што го губите! Се плашам дека ќе се изгубите и вие самите во тој виор.

DLM


Трговија со Човечки Органи

Трговијата со луѓе НАЈЧЕСТО се јавува низ следните форми на експлоатација:
 присилување на просење,   сексуална експлоатација,   работна експлоатација,   присилни договори за бракови помеѓу малолетници,   трговија со човечки органи,   детска порнографија  и  проституција. 

“Постои само еден грев, само еден единствен. А тоа е кражба. Секој друг грев е само друг вид на кражба. Разбираш ли? Кога ќе убиеш човек, крадеш живот. Го крадеш правото на неговата сопруга на сопруг, го одземаш таткото на неговите деца. Кога лажеш, го крадеш правото на вистина. Кога мамеш, го крадеш правото на правда. Разбираш?”

“Ловец на змејови“ Haled Hoseini

За трговијата со човечки органи поотворено низ медиумите почна да се пишува пред повеќе од 10 години, со случајот на “жолтата куќа“ во Албанија. Но овој злосторства не почнаа од вчера. Уште со почеток војните на тлото на поранешна Југославија имаше и показатели дека некои од западните формации учествуваа во таквите недела. Имаше повеќе навестувања но сепак со времето се заборави на оваа, остана неразјаснето, колку базата Бондстил дава логистика на овие психопати. Но останува сомнежот а и сознанието дека скоро сите исчезнати лица во воените виори на просторите на поранешна ЈУ …. се можни жртви на трговија со органи, во која оперираа домашни психопати вплеткани во меѓународни мрежи.

И во војната во Украина истото се случуваше, никој не отвори истрага за да се расчистат работите до крај, на никој не му се важни жртвите!!

Денес 2016, се отвори и уште побрзо се затвори веста дека околу 130.000 до 150.000 деца од бранот бегалци од Блискиот Исток според сите показатели и сознанија исчезнаа во западна Европа. Се верува дека овие деца завршија во ланците на трговија со луѓе и органи. Европската Унија како доследна на своите традиции не отвори ниту истрга ниту формира комисија за да истражи каде исчезнаа овие 130.000 деца, па така родена со криминал и злосторства и ќе заврши во таков котел таа ЕУ.

Многумина во Македонија користат услуги на вакви меѓународни мрежи, знаете веќе за системот на трансплантација на органи во Турција, Авганистан и на други места. Најчесто се работи за трафикинг на органи од овие мрежи но никој не известува и не го интересира како се дошло до органот кој му е потребен, Па така скоро сите велат дека во Турција, таа и таа операција на трансплантација чини толку стотици илјади евра.


трговци психопати

Израел светски лидер на трговија со органи и луѓе, во соработка со САД и Турција

автор: Joachim Hagopian
објавено: Сабота, 14 Мај 2016.

Пред неколку години напишав статија за растечкиот глобален проблем на трговија со луѓе и сексуално ропство. Друга сродна континуирана срамна практика, која исто така е во пораст во светот е насилно вадење на човечки органи од воените жртви и продажба на црниот пазар. Оваа презентација е фокусира на овој стравичен злочин кој редовно се врши на сите тековни воените зони и пошироко (јас би додал и каде има бегалци! м.з.), и за тоа кои се тие профитери-сторителите како и држави каде се тргува со органи.

Со војната во Сирија која се уште беснее веќе петта година по ред, доктор по медицина на Универзитетот во Дамаск, кој го предводи новоформираниот Оддел за судска медицина, д-р Hussein Nofal, проценува од почетокот на војната досега се извадени органи од најмалку 18.000 Сиријци. Од почетокот на војната во 2012 година, 6,5 милиони луѓе се раселени во Сирија и уште 4,8 милиони станаа бегалци кои биле принудени да бегаат во соседните земји како што се Турција и Либан, од кои 10% се иселиле во Европа. Со уште 386.000 кои се претпоставува дека се мртви, во Сирија 11,7 милиони луѓе ги загубија своите животи или домови – неверојатно повеќе од половина од вкупното предвоено население од 22 милиони Сиријци.

Целиот овој трагичен човечки хорор се случува само како резултат на екстремно агресивната империјалистичка надворешната политика на САД и Израел, која создава хаос и уништување по целиот Блиски Исток и Северна Африка, додека тајно ги поддржува исламските терористи и ги користи за своите посреднички војни за илегално да уништува суверени национални влади, како што владата на Асад. Владејачката елита која стои зад проектот Голем Израел ја употребува американската империја за производство на нелегални војни и следствено, најголемата миграциска криза од Втората светска војна, со цел за намерно и методично дестабилизирање на светот преку создавање на такви лоши човечки услови кои го забрзуваат формирањето на единствена светска влада.

Многу често се случува, да илјадници Сиријци, кои не можат да најдат работа, додека се заробени во нехумани услови во камповите за бегалци во соседните земји, во очај се одлучуваат да ги продаваат своите органи за поддршка на нивните семејства. Паразитските криминални банди и кругови на меѓународната кабала опортунистички покренуваат профитабилен предаторски операции искористувајќи го “вишокот” на воени бегалци преку организирана сложена мрежа на трговија со човечки органи во земјите како што се Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет.

Иронично, но според криминален план, двете нејзини соседни држави, кои се и најмоќните во регионот и најдиректно одговорни за исламистичките терористи и војни на Блискиот Исток и Северна Африка – Израел и Саудиска Арабија – одбиваат да прифатат и еден бегалец од истите тие војни, кои токму тие ги создале и ги поддржуваат. Покрај Израел и Саудиска Арабија се вклучува и Турција, како дел од американската оската на злото. Турција е долгогодишен регионален сојузник и членка на НАТО, и доби 6,6 милијарди долари мито од банкротираната ЕУ за да врши “контрола и управување” со миграцииската криза, само за да веднаш потоа се сврти и пропушти уште повеќе бранови со бегалци кои се слеваат во Европа. Токму Турција и Израел имаат најмногу истакната улога во растечката епидемија со трговија на органи. Но подоцна повеќе за тоа.

Слично на Сиријците, за Палестинците во Израел е исто така познато дека ги донираат своите бубрезите и другите органи за да ги прехранат своите сиромашните деца. Дали можете да ја препознаете шемата? Креирате екстремни економски услови со намера за манипулирање со очајни родители кои се обидуваат да ги обезбедат своите семејства, а загрозувајќи се самите себе со давање на свои делови од телото за многу потребните пари за да преживеат. Според д-р. Nofal, донаторите во Турција може да заработат и 10.000 $ за бубрег, додека во воено разурнатиот Ирак, цената може да биде ниска и до 1000 $, а во Сирија и Либан, сегашната цена на бубрег е околу 3.000$.

Пред повеќе од шест години, шведскиот најголем дневен весник Aftonbladet објави дека Израел се занимава со систематска трговија со органи од Палестинците кои ги убива крвожедната апартхејд влада. По вообичаените обвиненија од Израел за антисемитизам, кој ги негираше ваквите тврдења, шведскиот весник дополнително го потврди својот оригинален извештај со објавувањето на интервју направено во 2000 година со водачот на израелскиот Институт за судска медицина „Abu Kabir head“, д-р Yehuda Hiss кој рече дека во 1990 институтот собирал кожа, рожница, срцеви залистоци и коски на мртви израелски војници и цивили, како и странски работници и Палестинци, без законски правно одобрување на нивните семејства. Конечно, израелските воени сили (IDF) ги признаа незаконските практики, но инсистираа на тоа дека земањето на органите на починати завршило во 1999 год. и дека семејното одобрување сега легално се добива пред било какво вадење на органи за трансплантација.

Во меѓувреме, бројни палестински семејства во текот на годините поднесоа официјални жалби додека гледаа како телата на нивните членови на семејството се враќаа без одредени делови-органи. Про-израелското списание Forward потврди дека Израел рутински на Палестинците им краделе органи кои служат како резервни делови за израелските граѓани. На крајот, дури и произраелскиот New York Times го повика режимот на Тел Авив поради неговата “непропорционална улога” во трговијата со органи од 2000 година.


Nancy Scheper-Hughes, професорка на Универзитетот во Беркли, исто така и антрополог, активист, автор и шеф на контролната група Organ Watch, која во 2000 год. објави интервју со д-р Hiss, укажа на Израелската криминална програма на жетва и трговија со органи:

Израел е на врвот. Има пипала кои стигнуваат до сите делови на светот… [израелски трговци со органи] имале и се уште го користат супер-функционалниот пирамидален систем… имаат посредници насекаде, банкарски сметки, има регрутери, преведувачи, имаат патнички агенции кои набавуваат визи…

Hughes отворено ја опишува жетвата на органи како “исплата на сиромашните и гладните за полека да ги разградуваат своите тела”. Извештајот на BBC од 2001 година открива дека Израел по глава на жител стои како најголем народ на приматели за трансплантација на органи во светот, и дека е тоа земја која има најмалку донатори на органи. Проблемот дополнително расте со фактот дека властите во Тел Авив, меѓу кои и министерот за одбрана, кои историски ја поддржуваат оваа практика, а дури во 2008 година, вадењето на органи и трговијата со органи ја легализираа. Со години, израелскиот здравствен систем субвенционира трансплантацииски на престои дури со 80.000 $ надомест за примателите на органи да патуваат во странство поради трансплантација. Носителите на здравствено осигурување обично ги плаќаа сметките за другите трошоци. Hughes ја опиша водечката улога на Израел во меѓународниот криминален синдикат кој е “организиран преку локалните бизнис корпорации, кои се поврзани со водечките хирурзи за трансплантација, а кој практицира во голем здравствен центар недалеку од Тел Авив”. Дополнителните врски вклучуваат трансплантацииски хирурзи во Турција, Русија, Молдавија, Естонија, Грузија, Романија, Бразил и Њујорк.


Израелскиот министер за надворешни работи, Avigdor Lieberman, кој потекнува од најсиромашната европска земја – Молдавија, не е случајно како што вели Scheper-Hughes дека “стотици Израелци создале производна линија, која започнува во селата на Молдавија, каде што мажите денес шетаат без еден бубрег“. И покрај фактот дека трговијата со органи е непростливо кршење на меѓународното право, израелските криминални кругови сеуште вршат жетва на органи во најсиромашните земји во светот.

Тоа е злочин кој во голема мерка го одобруваат најбогатите земји како Израел и САД, каде што богатите можат да си дозволат плаќање на “дополнителни трошоци”, со цел да им се протурка нивното име на повеќекратните листи на чекање за трансплантација на црни дроб, бубрези и рожница. Богатите земји предаторски се хранат со сиромашните земји, а корупцијата во највисоките нивоа на власта гарантира дека сторителите никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата. Често криминалците-крадци на тела и не им ја плаќаат ветената цена на јадните донатори. Ова е слично со ловокрадците кои ги убиваат загрозените видови како што се африканските слонови и нилски коњи заради нивната слонова коска или ги отсекуваат перките на ајкулите по што ги оставаат да искрварат до смрт. За шверцерите, внатрешните човечки органи се само уште еден скапоценост стока, кој е многу повредна од човечкиот живот на некој донатор.

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »